Есенски изглед: Аделина во бело

Пејачката Аделина Тахири сними нова фотосесија за есен-зима за македонската групација со луксузни италијански брендови. Пејачката, актуелна со спотот за песната „Pergjithmone“ (Засекогаш) и  препознатлива по својот гламурозен и експлозивен стил на сцената, сега  го поднови гардероберот со нови спортско елегантни комбинации во нежни бои кои топлат на ова променливо време.

Овој пат таа сподели две полежерни комбинации во блузон и тренерки, со фармерки, маичка, елече од вештачко крзно, и во стилизиран балонер.