Промоција во Небрегово: „Слова и согледби за Блаже Конески“ од проф. д-р Димитар Пандев

Блаже Конески пред МАНУ

Утре напладне, во спомен-домот „Блаже Конески“ во  Небрегово, ќе биде промовирана  „Слова и согледби за Блаже Конески“ од проф. д-р Димитар Пандев.

Конески влегува во редот на нашите најмаркантни личности и национални фигури, прв претседател на МАНУ кој функцијата ја извршувал во два мандата, од 1967 до 1975 година.

Грандиозниот научен и поетски опус на  Конески, се инспирација за плејада творци од областа на македонистиката и славистиката, од областа на лингвистиката и литературната наука, творци од сегашната генерација, меѓу нив и проф.д-р Димитар пандев,  и на тие кои ќе доаѓаат.