Објавен постерот за новиот Џејмс Бонд


Англија– Долгоочекуваниот постер за новиот филм за Џејмс Бонд – „Не е време за умирање” (No time to die) беше официјално објавен. Во 25-тото продолжение на серијалот за тајниот агент 007, Даниел Крег по петти и последен пат го глуми агентот 007.

Режисер на филмот е Кари Фукунага, а покрај Крег, свои улоги ќе имаат и Ралф Фајнс, Реми Малек, Рори Кинир, Бен Вајшоу, Наоми Харис, Леа Сејду, Џефри Рајт и други.

При снимањето, коешто неодамна заврши во Италија, екипата имаше доста незгоди. Така, меѓу другото, во мај, Крег се повреди на сетот па, проектот беше во пауза. Филмот во најголем дел е снимен во Лондон, Велика Британија, и на Јамајка, но и во Норвешка. Официјалниот трејлер беше објавен во август. Филмот ќе почне  да се прикажува од 8 април 2020 година.