Принцот на севдахот Божо Вреќо со концерт во Скопје на 23 февруари
Првиот проект во 2020 година на „Авалон“ доаѓа од балканските простори. „Принцот на севдахот“ или како што престижниот „Њујорк Тајмс“ го нарекува, „човекот со ангелски глас“, Божо Вреќо, за прв пат ќе има концерт во Скопје во Македонската опера и балет на 23 февруари, во 19:30 часот. На репертоарот се песни од неговите четири албуми. […]