Принцот на севдахот Божо Вреќо со концерт во Скопје на 23 февруари


Првиот проект во 2020 година на „Авалон“ доаѓа од балканските простори.

„Принцот на севдахот“ или како што престижниот „Њујорк Тајмс“ го нарекува, „човекот со ангелски глас“, Божо Вреќо, за прв пат ќе има концерт во Скопје во Македонската опера и балет на 23 февруари, во 19:30 часот.  На репертоарот се песни од неговите четири албуми.

Божо Вреќо е навистина последниот голем музички феномен изнедрен од плодната балканска почва, од БиХ, и е еден од најинтересните и најпознати изведувачи во доменот на севдахот во моментов.

Се смета за клучен дел од новата генерација на автори кои ја не само што ја оживуваат традицијата на севдалинките, туку и успеаја да ја однесат дури и во правецот на андерграунд, што беше незамисливо досега.

Вреќо е лирски тенор кој предизвикува бројна публика и затоа настапува на концерти низ Европа и светот кои се секогаш однапред распродадени.

Влезниците за концертот на Вреќо во Скопје ќе бидат пуштени во продажба од денес во 9 часот наутро по цена од 1500 денари, а достапни за купување ќе бидат во Avalon Music & Ticket Store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на www.avalon.mk.