Тејлор Свифт го урна рекордот на Мајкл Џексон на АМА наградите


САД– Поп-ѕвездата Тејлор Цвифт го урна рекордот на Мајкл Џексон во освоени награди на Американските музички награди (АМА) доделени во Мајкрософт театарот во  Лос Анџелес, Калифорнија, САД.

На свеченоста, таа освои шест награди – меѓу кои и за најдобар поп / рок албум, за „Lover“ и за изведувач на годината. Со тоа таа има вкупно 29 статуетки, пет повеќе од некогашниот „крал на попот“.

– Овој албум навистина го доживеав како нов почеток. Си го сакам и новиот рекорд – и на национално и на државно ниво, истакна таа примајќи ја првата награда. 3а втората, Свифт им заблагодари, пред сè, на продуцентите на шоуто, но не и на нејзините, со кои се разиде и имаше доста бурна разделба. Имено, познато е дека нејзините доскорешни соработници Скутер Браун и Скот Борчета сè уште ги поседуваат правата за претходните песни на Свифт и судски не ѝ дозволија да ги пее, иако немаат удел во создавањето на композициите.

Свифт ги освои и наградите за женски поп-рок изведувач, омилен изведувач и видеоспот на годината, за „You Need to Calm Down”. Таа беше прогласена и за изведувач на десетлетието. Следуваат другите побитни награди: Најдобар нов изведувач: Били Ајлиш. Најдобар машки поп / рок изведувач: Калид. Најдобра поп / рок песна: „Without me” на Халси. Соработка на годината: „Señorita” на Шон Мендез и Камила Кабејо. Омилена филмска музика: „Квин“ за филмот „Бомска рапсодија“. Најдобар рап / хип-хоп изведувач: Карди Би. Најдобра рап / хип-хоп песна: „Old Town Road” на Лил Нас Екс и БилиРеј Сајрус. Најдобри кантри изведувачи: Кејн Браун и Кери Андервуд. Најдобра кантри песна: „Speechless” на Ден и Шеј, кои беа прогласени и за најдобра кантри-група или дует.