Меланија Трамп во „Долче и Габана“: Новогодишната елка пристигна во Белата куќа


САД- Првата дама на САД повторно е во фокусот на јавноста кога спрема традицијата стара 53 години, ја дочека божикната елка која ќе биде накитена во Белата куќа.

Американскотоа национално претпријатие за божикни дрвца уште од 1966 година ги бира елките, а годинешната во Вашингтон пристигна од Пенсилванија за да ја краси Сината соба.

Меланија Трамп за пригодата, избра долг капут од брокат со цветен дезен од луксузниот бренд „Долче и Габана“ , а чизмите се од омилениот дизајнер Кристијан Лубутан.

Лани првата дама на САД одушеви со капутот на Мајкл Корс.

Оверсајз капутите сега се во тренд и ги симнаа од врвот струкираните. Под нив можете да носите чемпер или сако, а пак ќе бидете шик и елегантни.