Министерство за култура: Во МНТ не беше најавено присуство на навивачка група


Во МНТ во петокот биле најавени два настани, но не било најавено дека ќе присуствува навивачка група, соопштуваат од Министерството за култура.

Од Министерството велат дека во МНТ во петокот било најавено свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група.

Реакцијата на Министерството уследи по настаните во МНТ кои завршиле со уништен инвентар од страна на дел од навивачката група Шверцери на Фудбалскиот клуб Шкупи.

Од Министерството велат дека во институциите луѓето треба да се однесуваат како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата.