Датумот за преговори нема да биде тема во Берлин


„Невообичаена, вонредна средба, надвор од рамките на Берлинскиот процес“, вака накратко советникот за евроатлантски интеграции во кабинетот на Зоран Заев и главен технички преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, ја дефинира средбата на претседателите или премиери на шесте земји од Западен Балкан, како и на членките на ЕУ, Хрватска и Словенија со двата најмоќни европски лидери. …

Датумот за преговори нема да биде тема во Берлин Read More »

Умерено облачно, за Велигден сончево


За денес синоптичарите најавуваат умерено облачно време на целата територија на Македонија во текот на денот, а подоцна кон крајот на работниот ден посебно во западните делови од земјава се очекува да се зголеми облачноста и преку ноќта да има локални врнежи од дожд. Утринските температури на воздухот се очекува да се движат од 0 …

Умерено облачно, за Велигден сончево Read More »

Мбапе стана најмладиот играч кој постигна 30 гола во една сезона во Лига 1


Франција– Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе постигна три гола синоќа во победата над Монако со 3:1 и испиша историја во францускиот фудбал. Тој стана најмладиот играч во Лига 1 со постигнато 30 гола во една сезона. Дваесет годишниот фудбалер го помина Ерве Ревели, поранешниот напаѓач на Ница, Сен-Етјен и Шатору. Покрај тоа, Мбапе го повтори …

Мбапе стана најмладиот играч кој постигна 30 гола во една сезона во Лига 1 Read More »

Рецитал на Ева Богоевска и Маја Стојановска во Лисабон


Виолинистката Ева Богоевска и пијанистката Маја Стојановска денеска ќе настапат во Лисабон во концертната сала на палатата „Фоз“, каде што ќе изведат дела од Моцарт, Бетовен, Шопен и Дебиси. Богоевска е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко. Досега имаше успешни настапи во Виетнам, Малезија, во театарот „Марчело“ …

Рецитал на Ева Богоевска и Маја Стојановска во Лисабон Read More »

Со замрзнување на придонесите против платите во кеш


Како една од мерките за намалување на исплатите во готово се планира фиксирање на придонесите, велат неофицијално владини извори, посочувајќи дека тоа би важело за одредени сектори. Најавата доаѓа откако премиерот Зоран Заев неодамна укажа дека ќе има промени во делот на севкупното давање на плата, а засегнатите министерства и институции најавија дека работат на …

Со замрзнување на придонесите против платите во кеш Read More »

Мртва трка меѓу Пендаровски и Силјановска


Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова влегуваат во финалето од изборниот натпревар за шеф на државата, кога одлучувачки може да бидат гласовите што вчера ги доби третиот претседателски кандидат Блерим Река, кој излегува од трката. Според нецелосните резултати од ДИК, Пендаровски оствари незначителна предност во однос на Силјановска во текот на вчерашното гласање кое, практично, покажа …

Мртва трка меѓу Пендаровски и Силјановска Read More »

Модни разгледници од Скопје: Европски креации на знаменити градски локации


Новиот урбан едиторијал претставува кулминација на проектот „Обединета мода“ што се одвиваше во рамки на неодамна одржаното деветнаесетто издание на Моден Викенд Скопје. Последните три мартовски дена, Скопје беше горд домаќин на дваесет и осум интернационални дизајнери и брендови, кои премиерно ги изложија колекциите за есен-зима 19/20 пред посетителите на шоурумот „United Fashion SEE“, предизвикувајќи …

Модни разгледници од Скопје: Европски креации на знаменити градски локации Read More »

Денес почнува теренската вакцинација во Скопје


Во животно загрозувачка состојба и натаму е шеснаесетгодишнoто момче заболено со морбили кое дише преку апарати. Момчето е невакцинирано, има церебрална парализа и пневмонија која му се јавила како компликација од сипаниците, а е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Од Министерството за здравство велат дека на одделот со потешка здравствена состојба …

Денес почнува теренската вакцинација во Скопје Read More »

Вториот круг почнува од нула


ЕРОЛ РИЗАОВ Првиот круг на претседателските избори ја заслужи оценката – европски. Првпат во Македонија при избор на шеф на државата немаше посериозни инциденти ниту, пак, приговори кои зборуваат за нарушување на избирачкиот процес. Но натпреварот не е завршен. Ако за првото полувреме може слободно да се каже дека беше како од Премиер лигата, тоа, …

Вториот круг почнува од нула Read More »

Меѓународните набљудувачи ќе објават првични наоди и заклучоци за изборите


Меѓународните набљудувачи кои вчера го следеа првиот круг од Претседателските избори денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци. Првичните наоди и заклучоци ќе ги објават Серен Мобурн, специјален координатор и шеф на краткорочните набљудувачи од ОБСЕ, Мари – Кристин Дало, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа …

Меѓународните набљудувачи ќе објават првични наоди и заклучоци за изборите Read More »

Вчерашните претседателски избори со најниска излезеност досега


Вчерашниот прв круг од претседателските избори помина со досега најнизок одѕив на гласачите споредено со претходните изборни циклуси за шеф на државата. Според последните податоци што ги објави ДИК одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесуваше 41,82 отсто или на гласање излегле 755,816 граѓани. На првите непосредни претседателски избори во 1994 година на гласање …

Вчерашните претседателски избори со најниска излезеност досега Read More »

Изборите скандинавски, одѕивот загрижувачки


Имавме чист изборен ден, согласни се сите учесници и набљудувачи во трката за шеф на државата. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, оцени дека сме имале скандинавски избори и им честиташе на граѓаните. „Република Северна Македонија спроведе мирни, фер, слободни и демократски избори. Институциите со сите свои капацитети овозможија изборите да поминат во најдобар тек …

Изборите скандинавски, одѕивот загрижувачки Read More »

Полански ја тужи Американската Академија за филмски уметности и науки


САД– Француско-полскиот режисер Роман Полански поднесе тужба против Академијата која ги доделува престижните Оскари затоа што бил исклучен од институцијата пред една година во екот на движењето #И Јас (Me Too). Американската Академија за филмски уметности и науки на 3 мај 2018 година соопшти дека Полански и Била Козби ги исклучува од членството затоа што …

Полански ја тужи Американската Академија за филмски уметности и науки Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Успевате да се спасите во последен момент држејќи се за гранка од дива ружа: луксузот ќе ја покаже вашата слаба страна, како и брзата реакција кон околината. Храбри и полни со лична моќ, ќе треба логично да го анализирате проблемот делувајќи чесно при соочувањето со фактите. Ако дозволите умот да ви лута, ќе го …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Трка


ЛЕЈЛА САБИТ Цел живот трка. Со себеси, со другите, со вие , со ти, со времето, со обврските, со семејството, со здравјето, со климата, со годините, со идеите, со стандардот, со килограмите, со изгледот, со стилот… На кратки или на долги патеки, преку ноќ, со врски, сами, со години, со договор, на определено или неопределено …

Трка Read More »

Дебата: Дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан


Дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан е главното прашање за евроинтеграциските процеси, беше речено на денешната панел дискусијата „Ја Избирам Европа: Избори за Европски Парламент 2019 – можности и предизвици за Република Северна Македонија“ што ја организира здружението на Млади европски федералисти. Според панелистите, не може да се зборува за проширување на …

Дебата: Дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан Read More »

МОСТ ќе ги следи изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи


Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи утрешните избори со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33 отсто од вкупниот број гласачки места во земјава. -Набљудувачите на МОСТ се статични и ќе ја следат постапката на гласање …

МОСТ ќе ги следи изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи Read More »

Честитка од Иванов по повод католички Велигден


Претседателот Ѓорге Иванов, по повод Велигден, денеска упати честитка до Бискупот скопски и eпископ струмичко-скопски, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат празникот според Грегоријанскиот календар.  –Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, Вам и на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам најголемиот христијански …

Честитка од Иванов по повод католички Велигден Read More »

ДИК: Најголема излезност во Прага, најмала во Истанбул


Најголема излезност за претседателските избори во дипломатско конзуларните пртставништа (ДКП) во Европа засега има во Прага, 23,4 отсто, а најниска во Истанбул, 3,57 проценти, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа. Како што рече Гугуческа на првата прес-конференција за изборите, гласањето се одвива тековно и без проблеми. Излезноста во ДКП-ата во Будимпешта е …

ДИК: Најголема излезност во Прага, најмала во Истанбул Read More »

„Поглед“ од Њујорк: Михаил Корубин со шампањско наздрави за изложбата


Њујорк пред Скопје ја виде уметничката бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои истовремено личат на секого и никого, насликана на 15 мега формати, платна работени во масло и акрилик техника на талентираниот уметник Михаил Корубин, од семејството на славни сликари како Миле и Рубенс Корубин. На изложбата ” Поглед” (Gaze) во галеријата „MC“  …

„Поглед“ од Њујорк: Михаил Корубин со шампањско наздрави за изложбата Read More »