Умерено облачно, за Велигден сончево


За денес синоптичарите најавуваат умерено облачно време на целата територија на Македонија во текот на денот, а подоцна кон крајот на работниот ден посебно во западните делови од земјава се очекува да се зголеми облачноста и преку ноќта да има локални врнежи од дожд.

Утринските температури на воздухот се очекува да се движат од 0 до 7 степен целзиусови, додека дневните температури на воздухот ќе го достигнат максималниот 23 степен.

Утре, според управата за хидрометеоролошки работи не очекува променливо облачно време, но и ветровито, со врнежи од дожд посебно во претпладневните часови. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а максималните од 12 до 18 степен целзиусов.

Во среда, не очекува слично време, односно, сонце со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд на југот од земјава. Минималните температури на воздухот за среда според метеоролозите ќе се движат од 2 до 8 степени, а дневните ќе се искачат до максимални 22 степени.

В четврток според синоптичарите ќе имаме сончево време со умерена облачност и максимални дневни 26 степени целзиусови.

За големиот празник Велики петок ќе не очекува слично време, односно сончево со умерена облачност и температури на воздухот кои ќе го достигнат маскималниот 27 степен целзиусов.