Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Успевате да се спасите во последен момент држејќи се за гранка од дива ружа: луксузот ќе ја покаже вашата слаба страна, како и брзата реакција кон околината. Храбри и полни со лична моќ, ќе треба логично да го анализирате проблемот делувајќи чесно при соочувањето со фактите. Ако дозволите умот да ви лута, ќе го изгубите и фокусот.

БИК: Светот може да брза, но вие чекорите по сопственото темпо: како бел лебед што плива мирно по рамната површина на езерото. Комичните досетки на ваша сметка ја промашуваат целта и вашето срце е чисто и внимателно: некој сака да се потпре на вас, немајќи доволно верба во себе. Чесни и угледни, сега сте со добра меморија. Водете со пример.

БЛИЗНАЦИ: Под окото на јавноста, денес разменувате информации од важен карактер: она што ќе го разберете, можеби нема да ви се допадне и ќе се обидете да избегнете одговорност. Некако сметате дека не ви е потребен никој, но така се мамите самите себе: ако разговарате отворено и директно, работите ќе ви се откријат во сопственото време.

РАК: Некаков вид на рестрикција, при што не знаете каде да се упатите: Сонцето во Бик ќе ви помогне и со здружени сили и помош од трета страна ќе успеете да постигнете духовна стабилност. Во ноќта ги гледаме ѕвездените тела, па така и патењето ја открива вистинската животна смисла. Бидете објективни и започнете да штедите. Разум!

ЛАВ: Чувството дека имате, па немате, се грижите или се грижат за вас ќе ви донесе големо знаење: ќе дојдете до трајна солуција почитувајќи ги поставените правила. Не сакате да експериментирате сега кога сте пред самиот финиш и вредно ќе го сработите својот дел. Оттука натаму нема назад, затоа откријте ја својата експертиза многу внимателно.

ДЕВИЦА: Се држите кон програмата покажувајќи голема самоконтрола: сетете се колку сте богати и со тоа спознание ќе ги надминете искушенијата. Месечината во Стрелец ве поттикнува на штедење, а можеби сакате да инвестирате дома и да отпатувате некаде со саканите. Најважно е дека сте здрави и тоа е најголемото богатство за еден човек.

ВАГА: Друштвото ни вели да мислиме на останатите, а тоа важи и за вас: тежнејте кон фер договори и компромиси, имајќи една единствена цел – добра тимска соработка. Доаѓа до метаморфоза и како пеперутка ќе ги стресете крилата и ќе се упатите кон друштвени згоди и романтични средби. Некој може да е остар со вас, затоа внимавајте на друштвото.

СКОРПИЈА: Нови почетоци на повеќе фронтови: можеби ќе треба да се одделите на кратко од некоја ситуација или работа, а тоа може да предизвика анксиозност. Темпото е бавно, па така и вие ќе треба да го пратите, чекајќи поповолен момент за напредување. Жртвата без верба не вреди ништо, затоа не правете шоу од себе. Бидете практични.

СТРЕЛЕЦ: Без преголеми амбиции ја започнувате новата работна недела: по малку чудно, но најголемите предизвици се веќе зад вас и сега ги чекате финалните продукти од вложениот труд. Сè ви е јасно, како функционира друштвото и сите закони и немате волја да се докажувате, освен желба да појдете на пат, за кој што треба да штедите повеќе. Баланс!

ЈАРЕЦ: Се обидувате да поврзете два сосема спротивни аспекти од својот живот: можеби ќе треба да се повлечете за да добиете појасна слика за работите. Денес мултитаскингот не ви е силна поента, па добро ќе биде да го избегнувате поривот за натпревар. Набрзо ќе најдете начин да отпатувате и да ги продлабочите своите амбиции.

ВОДОЛИЈА: Пред светот покажувате задоволно лице, иако сте во многу незгодна позиција: можеби во текот на својот развој налетавте на блокади и тешкотии или, пак, самите мислите дека некој намерно се обидува да ви наштети, но дали е навистина така? Погледнете во огледалото подобро и заштитете се со време: почнете менувајќи се себе си пријатели.

РИБИ: Велат дека најголем срам е несрамењето од сопствените постапки: иако работите се сè уште во латентна фаза, размислете како најдобро ќе ја манифестирате својата личност. Немањето јасна цел ви предизвикува депресија, но не треба да седите и да се давите во дилеми. Не удирајте со главата во ѕид, туку бидете трпеливи.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]