Нови рочишта за „Триста“, „Тврдина 2“ и „Топлик“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Тврдина 2“ и „Топлик“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи. Судијката Добрила Кацарска во мај …

Нови рочишта за „Триста“, „Тврдина 2“ и „Топлик“ на СЈО Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе сакате повторно да му се приклучите на светот: вашиот шарм и заводливост се нагласени и ќе инсистирате на слобода и среќа во пријателските врски. Комуникацијата се одвива прилично лесно и сега подобро ги разбирате потребите на најблиските. Убави бизнис шанси, кои што е добро да ги искористите. Насмејте се: ден за прослава! …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Во кино салите лани имало 466 926 посетители


Во државава лани биле прикажани 1 113 филмови и 15 066 кинопретстави коишто биле посетени од 466 926 лица, покажува истражувањето на Државниот завод за статистика, со кое се опфатени 14 кина. Во 2018 година, во споредба со 2017 година, бројот на прикажаните филмски кино претстави е намален за 7,2  процента.

Водата од Билјанини извори небезбедна за пиење


Водата од Билјанините извори на Охридското Езеро небезбедна за пиење, предупреди денеска Центарот за јавно здравје од Охрид. Последните физичко-хемиски анализи на водата од изворите спроведени во текот на денешниот ден покажале присуство на патогени бактерии, па оттаму  водата е биолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење. Наодите се доставени до соодветните инспекциски …

Водата од Билјанини извори небезбедна за пиење Read More »

Тамара меѓу фаворитите на Евросонг: „Proud“ може да победи


Популарното музичко списание „Билборд“ предвидува кои песни би можеле да победат на годинешниот Евросонг. Меѓу 12. фаворити се наоѓа и песната „Proud“ на македонската претставничка Тамара Тодевска. – Ова е прва година како поранешната југословенска република ќе настапи под името Северна Македонија. Претходно позната како Former Yugoslav Republic of Macedonia, земјата првпат учествуваше на Евровизија …

Тамара меѓу фаворитите на Евросонг: „Proud“ може да победи Read More »

„The Sign“ на Елеонора Венинова предизвика интерес во Кан


Франција– Аплаузи и интересни прашања од публиката до режисерката Елеонора Венинова имаше по вчерашната премиера на нејзиниот краткометражен игран филм „The Sign“ на програмата  Cannes Directors на 72.издание на Канскиот филмски фестивал. -Многу ми е мило што сум во Кан, мојата прва посета на градот и фестивалот е со филм кој е на Кензен, што …

„The Sign“ на Елеонора Венинова предизвика интерес во Кан Read More »

Принцот Едвард во Националната филхармонија: Екологијата и образованието во фокусот


Принцот Едвард , грофот од Весекс (55), по средбата со претседателот Пендаровски, а пред средбата со пратениците во резиденцијата на британската амбасадорка во Македонија, денес, во Националната филхармонија присуствуваше на настанот што ги прикажа врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина, уметноста и модата. Домаќини му беа министерот за надворешни работи …

Принцот Едвард во Националната филхармонија: Екологијата и образованието во фокусот Read More »

Швајцарски синдикати: Мораме да работиме подолго, пензискиот систем се распаѓа


Швајцарија – Во една од најбогатите и најпросперитетните земји во светот, Швајцарија, синдикатите истакнуваат дека е неизбежно подигнување на границата за заминување во пензија. Лидерот на Вработените во Швајцарија, синдикална група, која ги претставува работниците од водечките  швајцарски извозни гранки, изјави дека зголемувањето на возраста за пензионирање е неизбежно нешто, бидејќи државниот пензиски фонд е под голем …

Швајцарски синдикати: Мораме да работиме подолго, пензискиот систем се распаѓа Read More »

Мнозинството Европејци сметаат дека ЕУ ќе исчезне за 20 години


Белгија – И покрај рекордно високата поддршка за Европската Унија кај граѓаните, тие не веруваат дека таа ќе опстои во наредните десет до дваесет години, според анкета на тинк тенкот Европски совет за надворешни односи, ЕЦФР. Граѓаните во Словачка, Франција, Романија, Полска и Италија се на врвот на листата на песимисти за иднината на ЕУ, со …

Мнозинството Европејци сметаат дека ЕУ ќе исчезне за 20 години Read More »

СПЦ одлучи да го обнови дијалогот со МПЦ


Србија – Светиот архиерејски собор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и да ги продолжи разговорите за тоа со нејзини претставници, јави Танјуг цитирајќи ја „Политика“. Српскиот весник, повикувајќи се на извори од врвот на СПЦ, информира дека прашањето за МПЦ-ОА вчера …

СПЦ одлучи да го обнови дијалогот со МПЦ Read More »

Османи: Само ДУИ може да нè смени


Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во емисијата „200“ на Алсат телевизија, во врска со најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев истакна дека за смена на кадрите на ДУИ кои се дел од владата може да одлучуваат само Али Ахмети и партијата. Водителот се надоврзува на ова и го праша вицепремиерот дали е ова …

Османи: Само ДУИ може да нè смени Read More »

Втора „мајка“ за одземање на мандатот на Груевски


Политичкото мнозинство е пред нов предизвик да обезбеди двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на пратеникот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски. Собранискиот спикер Талат Џафери вчера испрати допис до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со кој ја извести дека Груевски неоправдано бил отсутен од собраниски седници повеќе од …

Втора „мајка“ за одземање на мандатот на Груевски Read More »

Апелација одлучува: Спиро Ристовски бара да излезе од притвор


Апелацискиот суд треба да донесе одлука дали ќе ја прифати жалбата, односно дали поранешниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, ќе излезе од притвор и ќе се брани од слобода како осомничен дека го организирал упадот во Собрание. Вчера на јавна седница на Апелацискиот суд Ристовски побара да му биде укинат притворот или …

Апелација одлучува: Спиро Ристовски бара да излезе од притвор Read More »

Сите македонски претставници на Евросонг


Официјално Македонија е дел од Евровизија од 1998 година, кога ова музичко натпреварување се одржа во Бирмингем, Велика Британија. Таа година наш претставник беше Владо Јаневски со песната „Не зори, зоро“ со која го освои 19. место. 2000 година настапи женската група XXL со песната „100 посто те љубам“ со која освоија 15. место. 2002 …

Сите македонски претставници на Евросонг Read More »

Метрополитен музејот одбива донации од фармацевтско семејство


САД – Њујоршкиот музеј Метрополитен објави дека повеќе нема да прима донации од семејството Саклер кое се збогатило со производство на опијати, јави Би-Би-Си. Супербогатото семејство е сопственик на Пурду Фарма, компанија која произведува лекови како што е аналгетикот Оксиконтин, поврзан со смртта на илјадници Американци. Компанијата ги отфрла обвинувањата дека го намалувала ризикот од развој …

Метрополитен музејот одбива донации од фармацевтско семејство Read More »

Принцот Едвард на средба со претседателот Пендаровски


Принцот Едвард, грофот од Весекс, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски. Британскиот принц ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина и уметноста. Предвидено е за време на престојот …

Принцот Едвард на средба со претседателот Пендаровски Read More »

Славниот контратенор Јуриј Мињенко ѝ гостува на Филхармонија


„По патот на Фаринели“ е насловот на симфонискиот концерт на Филхармонијата кој ќе се одржи вечерва во 20 часот. Под диригентство на маестро Борјан Цанев, како солист ќе настапи славниот контратенор од Украина, Јуриј Мињенко, кој заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе изведе дела од Вивалди, Корели, Броски, Глук, Порпора, Хендл. Инаку, македонскиот диригент Борјан …

Славниот контратенор Јуриј Мињенко ѝ гостува на Филхармонија Read More »

Официјално отворање на МЕФ 2019


Со воведно обраќање на премиерот Зоран Заев и вршителот на должност амбасадор на САД во Северна Македонија, Микаела Швајцер-Блум денеска во струшкиот хотел Изгрев официјално ќе биде отворена меѓународната конференција за енергетика „Македонски енергетски форум – МЕФ 2019“. На настанот што ќе се одвива во наредните два дена, чија тема е „Енергетската транзиција во светот …

Официјално отворање на МЕФ 2019 Read More »

Поголемиот дел од ветените пари за катедралата Нотр Дам не се уплатени


Франција – Поголемиот дел од парите ветени за обновување на катедралата Нотр Дам допрва треба да се уплатат, изјави надбискупот на Париз Мишел Опети. – Износот од милијарда евра, кој беше споменат во медиумите, не е ветен од некоја голема фондација или администрација, изјави надбискупот Опети. Катедралата Нотр Дам беше тешко оштетена во пожарот, кој избувна …

Поголемиот дел од ветените пари за катедралата Нотр Дам не се уплатени Read More »

Земјата на дното по производство на крафт-пиво


 – Стабилна на дното и уште долго време горда на оваа позиција. Вака со „два збора“ познавачите опишуваат како котира земјава во однос на занаетчиското (крафт) пиво ако се спореди со опкружувањето или „не дај Боже“ со европскиот и светскиот тренд. Производителите заглавени во лавиринтите на институциите, не губат надеж. Дали конечно државата ќе го препознае …

Земјата на дното по производство на крафт-пиво Read More »