Метрополитен музејот одбива донации од фармацевтско семејство

САД – Њујоршкиот музеј Метрополитен објави дека повеќе нема да прима донации од семејството Саклер кое се збогатило со производство на опијати, јави Би-Би-Си.

Супербогатото семејство е сопственик на Пурду Фарма, компанија која произведува лекови како што е аналгетикот Оксиконтин, поврзан со смртта на илјадници Американци.

Компанијата ги отфрла обвинувањата дека го намалувала ризикот од развој на зависност и злоупотреба, со цел лекот повеќе да се продава.

Одлуката на Мет следува по слични потези на други музеи. Националната галерија на портрети и галеријата Тејт во Лондон, како и њујоршкиот музеј Гугенхајм веќе се дистанцираа од контроверзното семејство.

– Музејот е благодарен и ги почитува оние кои не поддржуваат, но понекогаш е неопходно да се одбијат донации кои не се во интерес на јавноста или музејот, изјави Даниел Вајс, претседател на Метрополитен.

loading...