Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе сакате повторно да му се приклучите на светот: вашиот шарм и заводливост се нагласени и ќе инсистирате на слобода и среќа во пријателските врски. Комуникацијата се одвива прилично лесно и сега подобро ги разбирате потребите на најблиските. Убави бизнис шанси, кои што е добро да ги искористите. Насмејте се: ден за прослава!

БИК: Имате должност кон самите себе со достоинство да ги погледнете работите со подлабоко значење: не мерете го животот со човечки мерила, туку потпрете се на интуицијата и на својот внатрешен свет. Откривате нови и интересни работи, што не им се видливи на останатите: бидете организирани и постојани во својата потрага во науката. Победа.

БЛИЗНАЦИ: Консултација со влијателни личности, кои ќе ви помогнат да ги надраснете разликите во својот живот: солуциите кои што ги барате треба да се со долготраен карактер. Зацртајте нов курс и бидете подготвени за промена: контакти со елегантни личности, кои се на лидерска позиција и кои што ќе ви помогнат во областа на финансиите.

РАК: Започнувате од ново, а потребно е да размислите како ќе ги направите следните чекори: одговорите барајте ги во себе, наместо да лутате наоколу. Слушајте добро и направете план, кој што набрзо ќе треба да го следите: кои се вашите најлуди сништа? Заборавете на минатото и отфрлете го емотивниот багаж: имате пријателска поддршка!

ЛАВ: Полни со витална енергија, возвратете на љубезноста со љубезни дела, а на злото со праведност: некој ги следи сите ваши движења, а тоа ќе ви помогне при контактите со луѓето. Креативен период на професионален план и сега е ваш ред да бирате: бидете спонтани при одлучувањето на интересните иницијативи. Доаѓате до награди.

ДЕВИЦА: Од вас се бара поголем респект во интимните врски: силни чувства, директни зборови и чесност, со кои што доаѓате до саканата слобода. Слушајте го темпото на вашето срце и ќе знаете кога да реагирате, а кога да се повлечете: тоа е разумно и ќе го вратите својот авторитет. Бидете мудри и ќе дојдете до сокриено богатство. Среќа.

ВАГА: Пред вас се долготрајни промени, со кои што ќе ги решите интимните и пријателските врски: ова е период во кој што треба да сте упорни и трпеливи и така ќе го надминете чувството на самотија. Проширете ги своите хоризонти и сфатете дека од вас зависи сѐ: нови инвестиции, добар бизнис и исплатени долгови. Што сакате повеќе? Успех.

СКОРПИЈА: Успешен период, во кој што цутат љубовните и професионалните врски: пратете ја својата сензуална природа и практицирајте ги волшебните таленти, размислувајќи за пограндиозни шеми и цели. Учите како да ја балансирате својата страст со барањата на судбината и добро ги користите понудените шанси: убави односи со пријателите.

СТРЕЛЕЦ: Завртете се околу себе пријатели и бидете отворени за романтични изненадувања: шармантни и духовити, дозволувате туѓите забелешки да го допрат вашето срце. На работен план ќе треба да направите отстапки, но што е важно тоа, кога има љубов? Препуштете му се на животот, таков каков што е и не размислувајте за злото во светот.

ЈАРЕЦ: Средба со важна личност од вашиот интимен живот: среќни и исполнети, повторно верувате во својата среќна ѕвезда. Сѐ укажува на тоа дека ситуацијата полека се подобрува и вашите аспирации стануваат реалност: среќа, добро здравје и финансиски награди. Оттргнете се од оние кои што се загрижени без причина и сменете го друштвото.

ВОДОЛИЈА: Работите се менуваат и не знаете што ве очекува: обидете се да дознаете што е вистина и истражувајте повеќе. Се јавуваат шанси да смените некој аспект од својот живот и добро е да се активирате: без брзање, но ќе успеете да стигнете. Одбијте да бидете водени од емоциите и смирете го умот: сконцентрирајте се за да дојдете до подобар исход!

РИБИ: Иако се соочувате со потешкотии, имањето на поголема самодоверба ќе ви помогне многу. Покажете решителност и бидете упорни при спроведувањето на идеите, разбирајќи дека сега гледате само мал дел од вистината. Почитувајте ги оние кои што ги среќавате, насмевнувајќи се најдобро што можете и избегнувајте да бидете тврдоглави.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]