Српска мис почина на 33 години: Дијана Мијолковиќ не го победи ракот


Србија- Српската манекенка Дијана Мијолковиќ почина на свои 33 години, пренесуваат српските медиуми. Мис на Европа ја изгуби долгата и тешка борба со ракот на грлото на матката кој ѝ беше дијагностициран на 27 години. За тешките, но и убавите моменти, Дијана ги известуваше бројните следачи преку нејзиниот блог, преку кој делеше и совети и …

Српска мис почина на 33 години: Дијана Мијолковиќ не го победи ракот Read More »

И од септември упис во градинки само со уреден вакцинален картон


Родителите на дечињата кои од септември ќе се запишуваат во градинките мора да достават и уреден вакцинален картон како што е пропишано со законот, дури и да заврши епидемијата на морбили. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска изјави дека Владата е конзистентна во почитување на законите, кои и до денеска пропишуваат дека …

И од септември упис во градинки само со уреден вакцинален картон Read More »

Ревија на костими за капење го размрда Охрид


Викендов на „Голден бич“ во Охрид, бренд за костими за капење организираше дружба под името „Фати забава со …“. Посетителите  можеа да уживаат во убавиот поглед и во новите костими за капење и за женскиот и машкиот пол и со попусти на летниот асортиман.

Битола преку Илинденски денови ќе биде центарот на светски фоллкорни ора и танци


Над 1000 учесници од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија, Израел преку ора и танци ќе ја прикажат народната културна традиција на ансамбли на овогодинешното 49-то издание на интернационалниот фестивал Илинденски денови. Настанот ќе се одржи на различни локации во Битола од 27 до 31 јули, во организација на НУ Центар за култура Битола. „Фестивалските денови …

Битола преку Илинденски денови ќе биде центарот на светски фоллкорни ора и танци Read More »

Се сврши екссопругата на Роман Абрамовиќ: Даша најде богат бродосопственик


САД- Русинката Даша Жукова (38) е позната на јавноста по бракот со рускиот милијардер Роман Абрамович, се сврши со грчкиот наследник на империјата за градење бродови, Ставрос Ниархос помладиот (33). Свадбата треба да се одржи кон крајот на годината. Свршувачката ја прославиле на нејзината роденденска забава во Њујорк, каде што биле поканети многу познати личности …

Се сврши екссопругата на Роман Абрамовиќ: Даша најде богат бродосопственик Read More »

Турски театар ја подготвува „Бог на масакрот“


Турски театар в четврток, на 25 јули премиерно ќе ја изведе претставата „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза, а во режија на Билге Емин. Сценографија е на Татјана Блажевска Христоска, костимографија на Марија Папушевска, а Џенап Самет е асистент на режија. Улогите во претставата ги толкуваат: Сузан Акбелге, Џенап Самет, Филиз Ахмет и Селпин Керим. …

Турски театар ја подготвува „Бог на масакрот“ Read More »

Армани ќе ги облекува спортистите на Олимписките игри во Токио


Италија– Армани, еден од најпознатите светски дизајнери кој ја промени модата во светот, ќе боиде задолжен за изгледот на олимпијците и параолимпијците на Италија за Олимписките игри во Токио 2020 година. Спортската облека со потпис на Армани беше промовирана на ревијата на дизајнерот во јуни на Модната недела во Милано. Џорџо Армани неодамна наполни 85 …

Армани ќе ги облекува спортистите на Олимписките игри во Токио Read More »

Работилници, промоции и музички настапи на „МКЦ за Скопје“


Со детски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и писателката Билјана Црвенковска, в петок, во 18,30 часот ќе почне мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на овој ден за да потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани. Настанот ќе се одржи во паркот на МКЦ и е бесплатен. По работилниците, програмата продолжува …

Работилници, промоции и музички настапи на „МКЦ за Скопје“ Read More »

„Одмаздници: завршница“ го надмина „Аватар“ и стана филм со најголема заработка во историјата


САД-Легендарниот филм „Одмаздници: завршница“ и официјално го помина филмот на Џејмс Камерон „Аватар“ во заработката. Девет години „Аватар“ го држеше првото место како филм со најголема заработка од 2.78 милијарди долари, но сега на првото место се наоѓа „Одмаздници“ кој што направи заработка од 2.9 милијарди долари. Последниот филм од серијалот „Одмаздници“  е петтиот филм …

„Одмаздници: завршница“ го надмина „Аватар“ и стана филм со најголема заработка во историјата Read More »

Фенербахче го потврди трансферот на Елмас


Турција– „Ти посакуваме да блескаш сјајно каде и да одиш“. Ова го напиша турскиот клуб Фенербахче во постот на социјалните мрежи со кој информираше официјално за разделбата со македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Gittiğin yerde de parıl parıl parlaman dileğiyle! https://t.co/0YyRqhOsV4 pic.twitter.com/OWDYujLOKu — Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) July 22, 2019″> „Нашиот клуб се договори со Наполи за трансфер …

Фенербахче го потврди трансферот на Елмас Read More »

Хилари и Бил по трет пат баба и дедо: Челзи Клинтон роди син


САД- Челзи Клинтон (39), ќерка на поранешниот американски претседател и државен секретар Бил и Хилари Клинтон роди син. Со сопругот, Марк Мезвински, инвестициски банкар,  ја соопштија радосната вест на социјалните мрежи. -На свет дојде нашиот драг Џаспер Клинтон Мезвински. Радосни сме да го запознаеме со братот и сестрата, напишаа на Инстаграм. Двојката ја има ќерката …

Хилари и Бил по трет пат баба и дедо: Челзи Клинтон роди син Read More »

Германија ќе го исполни барањето на НАТО да троши два отсто од БДП за одбрана до 2024


Германија– Новата министерка за одбрана на Германија и наследничка на канцеларката Ангела Меркел на чело на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер, позната и како АКК, увери дека земјата ќе го исполни барањето на НАТО да троши по два проценти од БДП за одбрана до 2024 година, пишува „Њу Јуроп“ (New Europe) чие седиште е во …

Германија ќе го исполни барањето на НАТО да троши два отсто од БДП за одбрана до 2024 Read More »

Северина со хит-чанта: Таа знае што е најдобро


Хрватска- Регионалната поп-ѕвезда Северина, позната како љубителка на дизајнерски парчиња, знае да избере и модни додатоци од брендови достапни за секој џеб. Чантата која го освои модниот свет ѝ се допадна и на пејачката која ја комбинира и за плажа и за поелегантни пригоди. Чантите од природни материјали се маст хев парчиња за летната сезона, …

Северина со хит-чанта: Таа знае што е најдобро Read More »

Бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ


Со проекција на филмот „Студена војна“ на режисерот Павел Павликовски вечер во  паркот на МКЦ ќе почне првото издание на „Кино на трева“ во чии рамки во наредните пет дена ќе има бесплатни филмски вечерни проекции. До 27 јули ќе се прикажат вкупно пет филмови за кои е обезбеден превод на македонски јазик. Сите проекции …

Бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ Read More »

„Картографија на огнот” прва македонска антологија објавена во Колумбија


Во Богота, Колумбија деновиве излезе од печат антологија на 14 македонски поети објавени кај издавачите Ладронес дел Тиемпо и Уни Едисионес со наслов „Картографија на огнот”, а во избор и предговор на академик Катица Ќулавкова, во соработка со Наташа Сарџоска. Изданието денеска во Кафе Музео Ибањез во Богота ќе го промовираат авторите Глорија Бернел, Стефан …

„Картографија на огнот” прва македонска антологија објавена во Колумбија Read More »

Харадинај во Хаг на распит


Косово –  Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај потврди дека денеска ќе отпатува за Хаг, каде што е повикан на распит, во својство на осомничен, пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово. Харадинај во синоќешното интервју за приштинската телевизија Т7 изјави дека од судот во Хаг е повикан на интервју, но дека против него …

Харадинај во Хаг на распит Read More »

Грчкиот Парламент ѝ изгласа доверба на новата Влада


Грција– Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот Парламент на крајот од тридневната расправа што почна во саботата попладне, а заврши синоќа во 22 часот и 30 минути. Гласаа сите 300 пратеници, а Владата доби поддршка само од пратениците од Нова демократија. Расправата траеше 31 час, збор …

Грчкиот Парламент ѝ изгласа доверба на новата Влада Read More »

Американската амбасадорка Брнс во посета на Собранието


Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Мери Брнс денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија каде ќе има средба со спикерот Талат Џафери. Покрај тоа, Џафери денеска во законодавниот дом ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која се разговара за тековните и идните активности на Собранието.

Рецензија: „Приказна за играчките“ (3Д-анимација)


Преминувањето од детството во светот на возрасните е голема тема во уметноста, иако таа историски се појави релативно доцна. Преовладува мислењето дека својата основа ја има во германската класика, онаа на Гете и Шилер. На пример, филмот со оваа тематика „(Нема веќе) Сјај во тревата“ на Елија Казан, исто така има поетска основа. Претходно преовладуваше …

Рецензија: „Приказна за играчките“ (3Д-анимација) Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е ден кога ќе откриете дека физичката реалност е целосно испревртена: она што се чини дека е разумно, ќе излезе дека е сосема неразумно, а тоа ви прави хаос во главата. Ќе треба да бидете флексибилни за да ги надминете недоразбирањата со другите. На професионален план ги откривате своите недостатоци и тоа ве …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »