Хилари и Бил по трет пат баба и дедо: Челзи Клинтон роди син


САД- Челзи Клинтон (39), ќерка на поранешниот американски претседател и државен секретар Бил и Хилари Клинтон роди син. Со сопругот, Марк Мезвински, инвестициски банкар,  ја соопштија радосната вест на социјалните мрежи.

-На свет дојде нашиот драг Џаспер Клинтон Мезвински. Радосни сме да го запознаеме со братот и сестрата, напишаа на Инстаграм.

Двојката ја има ќерката Шарлот (4) и синот Ејдан (3).

Челзи работи во консултантска фирма и има напишано четири книги за деца.