Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е ден кога ќе откриете дека физичката реалност е целосно испревртена: она што се чини дека е разумно, ќе излезе дека е сосема неразумно, а тоа ви прави хаос во главата. Ќе треба да бидете флексибилни за да ги надминете недоразбирањата со другите. На професионален план ги откривате своите недостатоци и тоа ве изолира привремено.

БИК: Сега е време за медитација: можеби ова ви се чини чудно, но најдобро ќе биде да седите на страна и да размислувате за она што веќе сте го сработилте. Нема потреба да брзате, ниту да инсистирате на нешто, туку удобно да се навалите во својата омилена столица и да ги броите останатите денови од летото. Оставете го минатото зад себе и уживајте.

БЛИЗНАЦИ: И покрај малите застои, бизнисот се одвива добро и можеби ќе сакате да превземете нови задолженија: вашата торба можеби ви се чини дека е тешка, а тоа е бидејќи е празна. Ова ви претсавува своевиден немир, но и тоа брзо ќе мине: имате голем талент да ги отстраните потенцијалните аргументи и да заборавите на горчината. Успех.

РАК: Еден дел од летото останува зад вас и сега треба да се фокусирате на она што допрва ви претстои: средување на финансиската ситуација и намалувањето на трошоците. Ненадејни промени, со кои што сте се соочиле и претходно, но не дозволувајте да ве однесат силните емоции. Имате среќа што постојат пријатели кои што ќе ви помогнат.

ЛАВ: Прекрасни планетарни влијанија, кои што ќе ве натераат да ја напуштите својата школка: се чувствувате слободни, бидејќи ѝ служите на вистината и сакате да откриете нови простори. Откријте што е она кое што ја храни вашата душа и срце и посветете му се на тоа: ќе останете мудри дури и ако сѐ околу вас се валка во темница. Бидете љубезни.

ДЕВИЦА: Ако сакате да успеете во физичката реалност, ќе треба да делувате систематично: колку и да сакате да избегате од рутината, сетете се дека повторувањето е мајка на знаењето и така ќе научите голема вистина. Брзите идеи брзо се гасат, а бавните имаат поголема шанса да се остварат: размислете добро кон што се стреми вашата душа.

ВАГА: Денес ќе треба да го менувате своето однесување во однос на домот и своите сакани: можеби чувствувате дека сте при крај на силите и тоа ве боли. Сепак, не е сѐ така црно: она што сте го изгубиле, всушност и не ви е потребно повеќе, затоа оставете го зад себе како сенка и продолжете со својот живот. Многу ќе научите од денешните искуства. Промени.

СКОРПИЈА: Иако на прв поглед работите изгледаат добро, ќе треба да внимавате на сокриените непријатели или неочекувани предизвици: сѐ што треба да направите е да останете мирни и да размислувате објективно. Таквото однесување ви гарантира позитивни резултати, затоа останете им верни на своите принципи и емоции. Отворете се повеќе.

СТРЕЛЕЦ: Верувате дека иднината има убави изненадувања и тие навистина и ќе се случат: она во кое што верувате, тоа и го привлекувате. Добро здравје, емоционален баланс и надеж дека конечно доаѓате до долготрајна љубов: оваквото размислување ве исцелува и повторно се чувствувате самоуверено. Средби и разговори околу нови инвестиции.

ЈАРЕЦ: Загрижени како да ги задоволите саканите, го вложувате и последниот атом на својата сила во нивната нега: бидете трпеливи и ќе успеете да им ја обезбедите потребната поддршка – финансиска и емоционална. На крајот од денот можеби ќе се чувствувате како парче старо железо, но затоа пак ќе бидете среќни гледајќи ги нивните насмеани лица.

ВОДОЛИЈА: Светот и понатаму се врти и врти, но вам ви се чини дека правецот е погрешен: доцнења, извисувања и блокади и сфаќате дека постојат луѓе кои што повеќе се радуваат на туѓата несреќа, отколку на својата среќа. Тоа е чудна радост за која што треба да се запрашате што сте направиле: некои велат дека бојата на парите е зелена, но во реалноста таа е црвена.

РИБИ: Ако си шепнете самите на себе дека нема страв, болка, ниту сомневања, така навистина и ќе биде: јасно ви е како минатите случувања влијаат на сегашната реалност и сега ќе најдете сила да го фокусирате сето свое внимание кон остварување на целта. Не форсирајте, туку препуштете им се на настаните да ве доведат до саканата цел. Трансформации.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]