Северина со хит-чанта: Таа знае што е најдобро


Хрватска- Регионалната поп-ѕвезда Северина, позната како љубителка на дизајнерски парчиња, знае да избере и модни додатоци од брендови достапни за секој џеб.

Чантата која го освои модниот свет ѝ се допадна и на пејачката која ја комбинира и за плажа и за поелегантни пригоди. Чантите од природни материјали се маст хев парчиња за летната сезона, а во прв план се наметна моделот во облик на круг со детали од слама.

Откако францускиот дизајнер Жакему ја претстави чантата со реси од слама во својата колекција пролет-лето 2019, и другите брендови ја вклучија во своите колекции. Ја носат и пејачката Дуа Липа и Кајли Џенер и манекенката Емили Ратајковски.