Во Кривичен суд судење за изборните нерегуларности од локалните во 2013 година


Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се наоѓа во доказна постапка, и се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. На последното судење беа пуштени неколку „бомби“ предложенои од СЈО на кои се слушна како поранешниот премиер Никола Груевски и новинарот […]

Бојана Скендеровски е бремена со второ дете


Поп-пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, е бремена по вторпат. Ако првата бременост ја криеше, новата, убава вест ја сподели со фановите на социјалните мрежи објавувајќи фотографија, без да открива дополнителни детали. Авторката на емисијата „Улица Македонија“ со сопругот Васко веќе ја имаат ќерката Искра која лани во октомври наполни една година. Во интервју […]

Приоритетите на романското претседателство со ЕУ ќе бидат презентирани во Собранието


Приоритетите на романското претседателство со Советот на Европската унија за следниот шестмесечен период ќе бидат денеска презентирани пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања. На седницата ќе се обратат романскиот амбасадор во Македонија, Виорел Станила, евроамбасадорот Самуел Жбогар, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби.

Грчкиот Парламент расправа за ратификација на Договорот од Преспа


Грција- Во 10 часот по локално време започнува расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето на пратениците ќе биде утревечер. Седницата ќе трае колку што ќе биде потребно, односно во зависност од бројот на пријавени пратеници за збор. Проценките и пресметките се дека Договорот ќе биде ратификуван со […]

Почнува второто полугодие, учениците се враќаат во клупите


Околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња денеска се враќаат на настава за второто полугодие од учебната 2018/2019 година. Додека траеше тринеделниот распуст, можноста за негово пролонгирање се очекуваше од опасноста од заразата од морбили, но не малите сипаници туку загадениот воздух им донесе дополнителни два дена одмор на основците и средношколците. […]

Претседателот на црногорскиот Парламент во посета на Македонија


Претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ денеска ќе претстојува во посета на Македонија и ќе се сретне со неговиот македонски колега Талат Џафери. Предвидено е Брајовиќ да се обрати и пред пратениците во македонското Собрание по што ќе оствари средба и со Лилјана Кузмановска и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Со Месечината во Девица вашето внимание автоматски е завртено кон нега на најблиските. Секако, тука се и вашите работни должности и ќе треба да обрнете сериозно и зрело внимание во двата сектори. Средба со личност која е на егзекутивна позиција, а која ќе го продлабочи вашето разбирање на нештата. БИК: Можеби се чувствувате кревко или откриено, […]

Недела на македонски филм во Софија


Од синоќа до 27 јануари киното Одеон е домаќин на македонското кино во Бугарија. Во текот на неделата ќе бидат прикажани 8 краткометражни и 5 целосни долгометражни филмови за награди за разни меѓународни натпревари, објави новинар на БГНјуз. Ќе бидат прикажани филмовите „Џипси меџик“ на Столе Попов, „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски, „Кога денот немаше име“ […]

Крис Браун притворен во Париз со обвинение за силување


Франција– Американскиот пејач Крис Браун беше уапсен денес во Париз, заедно со уште две други лица, откако една жена поднела тужба за силување, изјави неименуван извор од француската полиција. За апсењата првично информираше магазинот „Клосер“, кој напиша дека тројцата мажи биле уапсени откако 24-годишна девојка навела дека била силувана во хотелската соба на Браун на […]

Промоција на романот „Маџун“ на академик Влада Урошевиќ


Задутре, од 19 часот, во „Кино култура“, ќе се одржи промоција на најновиот роман „Маџун“, (во издание на „Магор“) на македонскиот писател и академик Влада Урошевиќ. Вовед во делото и разговор со авторот ќе води Владимир Јанковски, а авторот ќе чита делови од романот. За книгата, проф. Лидија Капушевска-Дракулевска ќе истакне: „Романот ‘Маџун’ на Влада […]

Роналдо допатува на судење во Мадрид


Шпанија – Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо пристигна во мадридскиот суд каде ќе присуствува на рочиште во случај на затајување данок. Се очекува денес да биде изречена казната за Португалецот. Во 2017 година, Роналдо кој настапуваше за Реал Мадрид, беше обвинет за затајување данок во висина од околу 14,8 милиони евра. Фудбалерот ги прифати обвиненијата и ќе […]

„Фајненшал тајмс“ за 2019 година: Брегзит ќе биде запрен, Трамп ќе оди на суд


Англија – Дел од предвидувања на Фајненшал тајмс за 2019 година. Во 2018 година осум од нивните 20 анализи беа погрешни. Дали ќе биде запрен брегзит? ДА. Во пет до 12 велика Британија ќе се одлободи од тој акт на самоповредуавње. Брегзит значи брегзит, рече Меј во 2016 година, но по две години горчливи аргументи дури […]

Реприза на црниот свилен фустан: Меган тајно се сретна со премиерката на Нов Зеланд


Англија– На тајната средба во Кесингтонската палата со премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн- Меган Маркл облече црна свечена коктел тоалета од свила и волна на Габриела Хирст што го носеше во април, на турнејата во Австралија и Нов Зеланд. Изгледот, војвотката од Сасекс го надополнила со сандали на Стјуарт Вајцман и дијамантски накит со […]

Регионалната естрада во Белград: Кој сè ќе пее на првите MAC?


Масимо Савиќ, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, „Вива Вокс“, „Лолобриџида“, „Плави оркестар“ Наста и Аца Лукас, настапуваат на MAC, потврди Скајмјузик, кој го организира и продуцира првото регионално доделување на признанијата Music Awards Ceremony (MAC). Своите настапи на спектаклот на 29 јануари во арената „Штарк“ претходно ги потврдија и Петар Грашо, Жељко Јоксимовиќ, „Ван Гог“, Стјепан […]

Правосудниот испит пак ќе се полага усмено и писмено пред стручна комисија


Воведување усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за процена на знаењето на кандидатите, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за правосудниот испит, што е ставен на Електронски Регистар на Прописи на Република Македонија (ЕНЕР). Со ова, Министерството за правда ги почна измените и дополнувањата […]

Червар: Ова е кражба, цел свет можеше да го види тоа


Германија – Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар вината за поразот од Германија по кој неговиот тим ги загуби шансите за полуфинале на Мундијалот, ја префрли на данските судии Гјединг и Хансен. – Ова е кражба која ја виде целиот ракометен свет. Не е прв пат да ни се случува ваква нешто. Судиите ни ги украдија […]

ЕУ сѐ уште без консензус за сезонското сметање на времето


Белгија – Европратениците вчера не постигнаа согласност за начинот на кој ќе треба да му се стави крај на сезонската промена на пресметување на времето. Предлогот за овој комплексен зафат дојде од Европската Комисија минатата година. Известувачот во Европскиот Парламент, Марита Улвског, е на истата линија на со ЕК, но таа смета дека промените треба да […]

Магла во Битола и на Стража, слаб снег на Попова Шапка, Ѓавато и Буково


Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола и на планинскиот премин Стража. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Ѓавато и Буково кој засега не се задржува на коловозот, информира во утринскиот извештај Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). На Меѓународниот аеродром Скопје се реализираат предвидените полетувања и слетувања. Ноќеска по […]

Форум во Давос: Кралица, принц, магионичар и музичар


Швајцарија – Лидери и знаменити личности, меѓу кои и поборник за заштита на природната средина Сер Дејвид Атенборо, премиерот на Јапонија Шинѕо Абе, германската канцеларка Ангела Меркел, принцот Вилијам, премиерката на Нов Зеланд Јасинда Ардерн, кралот Филип и кралицата Матилда од Белгија, ќе се сретнат во Давос за годишниот собир на Светскиот економски форум во […]

Премиера на филмот „Ти си Алеф“ со Игор Џамбазов


Играно-документарниот филм „Ти си Алеф“ – авторски проект на проф. д-р Соња Ризоска-Јовановска, во кој насловната улога ја игра Игор Џамбазов, премиерно ќе биде прикажан во Македонската опера и балет вечер од 20 часот. Според сценаристката, режисерка и продуцентка на филмот Ризоска-Јовановска, филмот раскажува за неуморен патник кој тргнал кон патот на вистината, правдата, светлината, љубовта. – […]