Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Ова е момент на нови почетоци, кои имаат некое подлабоко значење: животот е цикличен и ќе минувате низ истите фази, сѐ додека не стекнете мудрост. Можеби размислувате да појдете на пат, каде што ќе се сретнете со ликови од минатото: разменувате и претставувате различни видови на мислења, по кои ќе се повлечете за медитација. Одмор.

БИК: Лидерската позиција ја превземате вие: храбри и непоколебливи, сега е важно да го задржите фокусот. Напредувајте во она за кое што сметате дека е најдобро: Сонцето во вашиот знак ги носи нужните промени и сега може да си ги броите благословите. Од само еден повод или две идеи, може да настане цела една приказна. Уживајте!

БЛИЗНАЦИ: Ова е период на крупни промени, кои бараат подлабоко разбирање: обрнете им внимание на знаците, синхроницитетите и скриените пораки, одговарајќи на потребите на времето. Напуштете ги старите навики и бидете остроумни. Можеби сте лути некому, но не истурајте го својот бес, бидејќи така може да се повредите и самите себе.

РАК: Се чини дека почнувате од ново: потешкотиите со кои што може да се соочите ќе имаат поволен исход на крајот од денот. Нешто ќе се одвива брзо, а нешто пак сосема бавно, колку и да ви тешко да верувате во тоа сега. Постојаноста ви е најголем придружник, која што ќе ги потисне сите дилеми и така ќе дојдете до финансиска награда. Чисти мотиви.

ЛАВ: Можеби сте веќе истоштени, но мора да продолжите напред: говорејќи зборови полни со содржина и фокусирани на личната вистина несомнено ќе дојдете до вашата цел. Ситните знаци покрај патот ќе ви кажат многу нешта и ќе разберете дека тука се крие вашата среќа. Трпеливи и внимателни, ќе успеете единствено преку тимски напор.

ДЕВИЦА: Имате верба за да ги смените работите кои што повеќе не ѝ служат на својата намена: можеби ќе треба да појдете на пат, а за кое што ви е потребен солиден финансиски статус. Не барајте грешки во пријателите, бидејќи може да останете сами: велат дека човекот после смртта го остава своето име, а тигарот својата кожа. Уживајте во тивка среќа.

ВАГА: Важен период, во кој што ги разбирате настаните од минатото: почекајте уште малку и размислете непристрасно за својата судбина. Месечината во Скорпија ве прави несигурни, но конечно ќе сфатите дека сѐ е во најсовршен ред. Размислете за непродуктивното минато и обидете се рационално да го смените животниот стил. Без форсирање.

СКОРПИЈА: Планетите велат дека можеби сте тажни и плачете: преку солзите човек се прочистува и го отфрла она што повеќе не игра никаква улога во неговиот живот. Размислете за тоа како пајакот ја плете својата мрежа, па така и вие поврзете го минатото и иднината, балансирајќи ја својата сила: кога сите ќе се бучни, вие добро слушајте. Доаѓате до одговори.

СТРЕЛЕЦ: Застанете за кратко и погледнете го својот лик во огледало: што ви говори тој? Дали постигнавте емоционален баланс? Бидете мирни и ќе дојдете до одговори: можни се информации, преписки и мејлови, кои ќе ви дадат суптилни одговори. Ова е плоден период, но треба да бидете отворени за мистериите и да ја практицирате својата вештина.

ЈАРЕЦ: Можеби би сакале да го вратите времето назад и да ги поправите грешките: би можеле да победите многу опоненти на бојното поле, но најсилен е оној кој што се победил самиот себе. Трансформирајте ги своите таленти во трајни вредности и дајте некаков вид на донација: фрлете зад себе и ќе најдете пред себе. Период за подмладување.

ВОДОЛИЈА: Не се предавајте сега, сѐуште има место за вашите надежи: прашајте се дали ја гледате пошироката слика на животот или само еден мал сегмент од него? Отстапете назад и погледнете ја целината: од многуте дрва, ја заборавивте шумата. Можна е конфронтација, но немојте да сте деструктивни: признајте ги грешките и ќе се исцелите.

РИБИ: Зарем сѐ се сведува околу финансиите? Постојат ли луѓе околу вас кои што се повредени од вашето себично однесување? Размислете добро и утврдете каде сте крути и каде грешите. Ако сте искрени со себе, ќе постигнете совршенство: иако не знаете што ве очекува, бидете спремни да смените некој аспект од својот живот. Бидете сконцентрирани.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]