Џенифер Лопез е модна икона за 2019


САД– Советот на модни дизајнери во САД ја прогласи поп-ѕвездата и актерка Џенифер Лопез за модна икона за 2019 година. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 3 јуни во Бруклинскиот музеј на Њујорк.

“Со нејзината облека Џенифер Лопез демонстрира самодоверба и сила. Секој пат дизајнерите и обожавателите со нетрпение ги очекуваат нејзините модни идеи “, рече модната дизајнерка Дајан фон Форстенберг , претседател во заминување на Советот на модни дизајнери во САД .

Добитници на наградата претходно беа Наоми Кембел, Бијонсе, Иман, Ријана, Колин Фарел….

Британската дизајнерка Сара Бартон од модната куќа „Александар Меквин“ ќе ја добие меѓународната награда за дизајнер на годината .