Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Зрачите со љубов и необична смиреност уживајќи во помошта што им ја давате на блиските: ако некој ви погрешил, сега ќе му простите и така ќе ги продлабочите и семејните односи. Лојални и без лажна скромност, имате интуиција дека сите процеси се одвиваат според планот: нема да изгубите контрола над ситуациите. Страст.

БИК: Грижливи и толерантни, подучувате со длабоко внимание и љубов: ја реставрирате хармонијата во животот, намалувајќи го стресот и тензијата. Ова е период кога ќе научите свесно да се релаксирате, кога за тоа ќе биде потребно: сите солуции лежат во вас, особено ако погледнете во внатрешниот свет. Со помало его, егзистенцијата е побогата.

БЛИЗНАЦИ: Ако сакате да еволуирате, треба да научите да ги контролирате задоволствата, аверзијата и желбите, цврсто фиксирани на крајната цел. Поврзете се со блиските на подлабок начин и продолжете со почнатите планови: подобро е да го сакате она што го работите, отколку да го работите она што го сакате. Имате таленти за необични работи!

РАК: Ги оставате личните интереси на страна, препуштајќи му се на темпото на времето: чекор по чекор се издигнувате и постигнувате слава. Најубава работа на светот е онаа која што се работи со љубов и најверојатно ќе преземете поголема одговорност, особено на емотивен план. Бидете трпеливи и искрено грижете се за себе. Одмор.

ЛАВ: Вашето внимание е завртено кон изнаоѓање трајни солуции, особено на финансиски и комерцијален план: продолжувате според правилата почитувајќи ја традицијата. Постојани и остроумни, наоѓате време за средба со личност која што има егзекутивна моќ: она што беше сокриено, сега излегува во јавност. Со умереност, ги надминувате дебатите.

ДЕВИЦА: Со полната Месечина во Вага ќе внимавате да не правите големи инвестиции: денес сè е можно и во последен момент може да ги смените плановите. Разберете дека вашите ресурси не се бесконечни и повлечете се на време, за да го смирите нервниот систем. Говорете си смирено и полека и не верувајте во сè што ќе чуете. Одморете се.

ВАГА: Послушајте ги советите на постарите и отфрлете го она што прави сенка во вашиот живот: велат дека доаѓањето на еден лудак предизвикува илјада паметни да се разбегаат, а најважно е да ја разберете својата улога во сето тоа. Можеби ќе треба да ги браните храбро своите уверувања и да не отстапите ниту за миг: бидете храбри сега!

СКОРПИЈА: Можеби сте одвоени од саканите или минувате низ некоја болна фаза и се чувствувате осамено: во вас има доволно сила да ги надминете предизвиците и да направите промена во следните шест месеци. Сега е потребно да сте непристрасни и мудри, познавајќи ја посуптилната страна на човечката природа. Бидете праведни.

СТРЕЛЕЦ: Ова е успешен период и преоѓате од една фаза, во сосема нова: планетите сугерираат дека сега сте среќни, бидејќи наоѓате начини да ја надминете стагнацијата. Средба со личност која што сака да инвестира во вашите проекти и успешни договори: вашата сила и виталност се во подем. Сесрдно се вложувате во сè што работите.

ЈАРЕЦ: Интензивни времиња пријатели, но не се предавајте пред време: во последен момент ги надминувате илузиите, сконцентрирани на она што го сакате. Романтична средба со личност од минатото и многу нежни моменти: повеќе не сте уплашени, ниту беспомошни како што мислевте до неодамна. Подгответе се за промени во периодот што следи.

ВОДОЛИЈА: Велат дека најтемно е пред да зазори: оттука натаму нема каде да појдете, освен нагоре. Истресете ја прашината од ногавиците и не прашувајте се зошто токму вам ви се случуваат овие работи. Пред вас е напорна работа и преземање на екстра должности, за кои што треба да го смените размислувањето. Тимска работа.

РИБИ: Љубезни и трпеливи, знаете како да се носите со возбудата: изнаоѓате нови начини за соработка со другите и имате поголема самодоверба. Сигурни во сопствените способности, размислувате како да ги употребите квалитетите на колегите, но и на семејството. Плоден период, но не размислувајте предолго: време е за акција! Храброст.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]