Концертна промоција на „Добро утро госпоѓо“: Ориѓански и Бени во Филхармонија


Не спектакл, туку уживање најавуваат Златко Ориѓански и Бени Шаќири на концертната промоција на нивниот заеднички албум  „Добро утро госпоѓо“  со пријателите во Македонска Филхармонија вечерва во 20,30 часот.

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници . Својата заедничка приказна ја започнаа со ,, Си беше еднаш“ и ,„Генерале“, која стана дел од музиката за претставата „Солун град на духови“ на режисерот Слободан Унковски. Продолжија со „Галена“, „Анице“ и со уште многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне вечерва.