Брејк по трет пат татко: По два сина, се пофали со ќерка


Пејачот и сопственик на три радија Дарко Гелев-Брејк и неговата сопруга, Драгана Клопчевска утрово добија ќерка. Драгана, која е поранешна Мис на Македонија а сега бизнисменка, објави фотографии од ќерката Деа, која се роди во приватна болница во Скопје

Постариот син на Драгана и на Брејк, Давид, има неполни шест години, а Брејк го има и синот-тинејџер Марко од претходниот брак со Драгана Јаневска.