„Аватар“ продолжува со снимање на Нов Зеланд, ќе се потрошат 70 милиони долари


Нов Зеланд– Снимањето на продолжението на научно-фантастичниот блокбастер на Џејмс Камерон „Аватар“ ќе донесе стотици работни места и милиони долари на Нов Зеланд, откако заврши со пандемијата на коронавирусот, изјави продуцентот на филмот за медиумите. На екипата на филмот, меѓу кои и режисерот Камерон и продуцентот Џон Ландау, им беше дадена специјална дозвола да летаат […]

Веспа „облечена“ во Диор


Италија- Славниот италијански бренд за скутери „Веспа“ ќе соработува со францускиот луксузен моден бренд Кристијан Диор, во промоцијата на специјално издание на скутерот Веспа 946. Двете бренда, основани во 1946 година, се икони во соодветната линија. Но, двата бренда се поврзани не само со основачката година, туку и „со непоколеблива желба да инспирираат нова, светла […]

Националната библиотека во Фиренца ги става вратените книги вo 7-дневен карантин


Италија- Националната библиотека на Фиренца, еден од најважните столбови на италијанската култура, чува сè што е објавено во земјата. Таа беше затворена два месеца поради пандемијата на коронавирус. Сега библиотеката повторно се отвора и луѓето брзаат да ги вратат книгите што ги позајмиле пред карантинот. Сепак, дезинфекцијата на книгите не е лесна, бидејќи хартијата е […]

Истражување: Лицата помлади од 20 години потешко се инфициираат со новиот коронавирус


Англија– Лицата помлади од 20 години се двојно помалку подложни да се инфицираат до Ковид-19 во споредба со повозрасните луѓе, а клинички симптоми на новиот коронавирус се појавуваат кај една петтина од децата и адолесцентите, покажува најновото истражување. Истражувањето на математичкиот модел на пандемијата со Ковид-19 е формулиран врз основа на податоци земени од 32 […]

Во Франција протести на медицинскиот персонал


Франција– Неколку илјади лекари, медицински сестри и негуватели денеска се собираат во градови во Франција, барајќи повеќе средства за јавните болници и целиот здравствен систем, како што вети претседателот Емануел Макрон во епидемијата на новиот коронавирус. По повик на десетина синдикати, во текот на денот се планирани 220 протестирани митинзи во обид да ја потсетат Владата […]

Саудиски принц бара 40 милиони долари за луксузна палата во Л.А. со 39 бањи


САД- Неговото кралско височество принцот Турки бин Насер од Саудиска Арабија конечно го стави својот луксузен дом во Беверли Парк на пазарот на недвижнини. Цената е 39,95 милиони долари. Веројатно најпрестижната затворена заедница во Л.А., Беверли Парк има три заштитени влезови, плус 24/7 безбедносни патроли. Соседството со околу 70 имоти лежи високо на планините над […]

Елизабета прв пат го пропушта Ројал Аскот како кралица (галерија)


Англија – Ништо не можеше да ја спречи кралицата Елизабета Втора од присуството на славните коњски трки Ројал Аскот , за време на нејзиното 68-годишно владеење како монарх во Англија – ниту бременоста, ниту обраќањето во парламентот, па дури и разните болести. Но, оваа година, 94-годишната кралица нема да присуствува на Ројал Аскот, која започнува […]

Кање Вест ја шири модната империја со козметика и парфем


САД- Изгледа дека раперот Кање Вест ги следи стапките на својата успешна жена Ким Кардашијан и се подготвува да започне свој сопствен бренд за убавина во иднина. 43-годишниот моден дизајнер, кој ја промовираше својата прва колекција „ Yeezy” “ во 2015 година, се чини дека сака да ја прошири својата модна империја со најразлични производи […]

Шест ресторани во Словенија добија Мишелинова ѕвезда


Словенија– По долгогодишни обиди конечно Словенија доби ресторани што имаат Мишелинова ѕвезда, односно највисоко признание за квалитет, јави дописникот на МИА од Љубљана. На специјална церемонија во живо пренесувана од локални медиуми, пет ресторани добија по една, а угостителскиот објект„Хиша Франко“ доби дури две вакви ѕвезди. Коментарите на познавачите се дека во регионот на ниту […]

Горан Бреговиќ осуден за плагијат тежок милион евра


Франција– Босанскиот музичар Горан Бреговиќ е осуден за плагијат. Тој морал да му платил отштета од милион евра на францускиот композитор Енрико Масијас, поради недозволена употреба на неговата музика. Масијас поднел тужба против Бреговиќ пред околу десет години. Тој тврдеше дека Бреговиќ ја користел неговата музика и ја претставил како своја, за потребите во филмот „Сонот […]

Метју Вилијамс: Ѕвезда на улична мода ќе стане креативен директор на аристократскиот „Живанши“


Франција – Американскиот дизајнер на улична облека Метју М. Вилијамс беше назначен за нов шеф на аристократската француска модна куќа Живанши. 34-годишниот креатор е втора американска ѕвезда на уличната мода кој ќе води луксузен моден бренд, по неговиот пријател Виргил Аблох, кој дизајнира женска облека за Луј Витон. Како и Аблох, Вилијамс роден во Чикаго, […]

Истанбул и Санкт Петерсбург ќе бидат домаќини на финалето на ЛШ во 2021 и 2022 година


Турција -Финалето на Лигата на шампионите за 2021 година ќе се одржи во Истанбул, а тоа во рускиот град Санкт Петербург ќе се пресели во 2022 година, јавува телевизијата „Скај Спорт“. Според нивните информации, Европската фудбалска централа (УЕФА) има намера да ги помести за една година домаќинствата што веќе се распределени. Оваа година, поради пандемијата на […]

Трамп потврди дека САД од Германија повлекуваат околу 9.500 војници


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД ќе го намалат бројот на своите сили во Германија на 25.000 американски војници. Ова изјава значи дека Трамп ќе нареди повлекување на околу 9.500 војници, за кои британските медиуми проценуваат дека, најверојатно, ќе ги вознемири републиканците во американскиот Конгрес, како и сојузниците на САД во НАТО. […]

Македонските граѓани во март потрошиле 10,1 милион евра онлајн


Близу 30 милиони евра потрошиле македонските граѓани на е-продавници во првите три месеци од годинава, а само во март 10,1 милион. Анализата на Асоцијацијата за е-трговија покажува дека во текот на првите три месеци од 2020 година Македонците со домашни картички кон македонски е-продавници потрошиле вкупно 28,9 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 17,9 […]

Уписи во средните училишта, пријавувањето по азбучен ред од презимето


Од денеска до 18 јуни ќе се спроведува првото пријавување од јунскиот рок за упис во учебната 2020/2021 година, според критериумите утврдени во Конкурсот на Министерството за образивание и наука за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за настава во гимназиско, стручно, уметничко и за средно образование за ученици со посебни образовни потреби. […]

Прогласена осумдневна вонредна состојба, институциите и партиите се подготвуваат за избори на 15 јули


Партискиот договор за одржување на предвремени парламентарни избори на 15 јули годинава, синоќа резултираше со прогласување нова вонредна состојба од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски во траење од осум дена. Следно што треба да се очекува е претседателот на Собранието Талат Џафери да потпише ново решение за одржување на изборите на 15 јули, […]

Висок е процентот на заразени без симптоми, во болниците се 14 отсто од вкупниот број заболени


Вкупниот број на потврдени со КОВИД-19 од почетокот на епидемијата до вчера се искачи на 4157, а на починати е 193. Во вчерашниот билтен на Министерството за здравство беа евидентирани 103 нови случаи со вирусот од 841 направено тестирање, а пет пациенти починаа. Активни има 2241 случај. Најголем број од новите случаи (46) се во […]

Сончево со мала доумерена облачност, попладне дожд и грмежи


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне понекаде со локален дожд, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=8 Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има […]

Од февруари во април: И Оскарите ќе доцнат поради коронавирусот


САД– Свеченоста за 93-то доделување на Оскарите следната година е преместена од февруари на крајот на април, а тоа е направено поради епидемијата на коронавирусот, објави Американската академија за филмски уметности и наука. Доделувањето ќе се одржи на 25. април. Првичниот датум – 28 февруари, сега е новиот одреден датум кога филмовите ќе почнат да […]