Ковид-19: Американците повеќе му веруваат на Фаучи од Трамп

САД– Според најновото истражување на Универзитетот Кинипијак од Конектикат приближно 30 проценти од гласачите регистрирани во САД веруваат на информациите на претседателот Доналд Трамп за епидемијата со Ковид-19.

Тоа значи дека 67 проценти од гласачите не му веруваат на Трамп за новиот коронавирус.

Всушност само еден од тројца анкетирани изјавиле дека Трамп е искрен и ја зборува вистината.

Си-Ен-Ен објави дека е невообичаено голем број на приврзаници на Трамп да не му веруваат на претседателот.

Резултатите од анкетата на Универзитетот Кинипијак покажуваат и дека 65 проценти од регистрираните гласачи „веруваат на информациите на (главниот епидемиолог и советник на админситрацијата) Ентони Фалучи за Ковид-19.