Легендарната Тина Тарнер се враќа на сцената


САД – На задоволство на милиони обожаватели ширум светот, легендарната поп-дива Тина Тарнер (80) го прекрши ветувањето дека ќе се збогува со естрадата, што го даде откако го загуби својот син и се повлече од сцената.

Нејзиното спектакуларно враќање ќе биде сосем соодветно – со преработка на нејзиниот голем хит „What Love Got Got To Do With It“ од 1984 година, во соработка со надежниот норвешки продуцент – ди-џеј Кајго. Самиот тој ја објави веста на својот Инстаграм-профил, заедно со фотографија на која позира со легендарната пејачка.

„Се уште не ми се верува дека работам со Тина Тарнер и дека в петок секој ќе може да слушне како тоа звучи. ’What Love Got Got To Do With It’ е една од моите омилени песни на сите времиња и, се чини, ’нестварно’ е да се има можност да се работи со таков легендарен уметник“, напиша ди-џеј Кајго (28), во објавата.

Младиот уметник се прослави во областа на светската музика минатата година, со преработката на песната на Витни Хјустон – „Higher Love“, којашто постхумно ја одведе пејачката на познатата „Билборд хот 100“ листа.

Тарнер која е музичка поп-икона, во петдецениската кариера има продадено над 200 милиони албуми во светот. Со вториот сопруг Бах живеат повлечено во Швајцарија.