Нови 94 случаи со Ковид-19, осум починати, 42 оздравени пациенти


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-49, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9, Кичево -2. Починати се осум пациенти, двајца од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 68 години. Во Општата болница во Прилеп починат е пациент на 60 години, во Општата болница во Струга почината е пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, во Завод за нефрологија во Струга починат е пациент на 67 години, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје, како што се посочува, регистрира 42 оздравени лица од: Скопје-27, Штип-1, Прилеп – 8, Тетово-1, Велес-3, Кочани -2.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 8.623,  бројката на оздравени пациенти е 4.603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.619. Денеска се евидентира еден контролен тест и исправка за четири оздравени лица од Кратово заради техничка грешка. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 4.083, активни 1.823
•       Куманово 882, активни 214
•       Дебар 154, активни 92
•       Штип 492, активни 202
•       Прилеп 305, активни 56
•       Тетово 900, активни 291
•       Струга 342, активни 167
•       Велес 205, активни 31
•       Битола 84, активни 40
•       Охрид 229, активни 120
•       Кавадарци 27, активни 19
•       Гостивар 263, активни 168
•       Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
•       Струмица 24, активни 16
•       Крива Паланка 19, активни 8
•       Радовиш 15, активни 11
•       Крушево 12, активни 7
•       Кочани 80, активни 12
•       Пробиштип 39, активни 24
•       Демир Хисар 11, активни 10
•       Македонски Брод 9, активни 5
•       Пехчево 6, активни 1
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6,
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1,
•       Кратово 9, активни 5
•       Свети Николе 156, активни 143
•       Кичево 88, активни 73
•       Ресен 139, активни 73
•       Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-140, МАНУ -27, Клиника „Жан Митрев“ –150, Систина со PCR метода -102, Инфективна клиника -100. Досега во земјата се направени вкупно 81.604 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и осум деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум пациенти, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.