Ципрас прв му честиташе на Заев

Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас на Твитер веќе му честиташе на Зоран Заев за, како што вели, зајакнување на пораката од храбрите прогресивни сили што се борат против национализмот.
„Благодарение на твоите напори, пораката на храбрите прогресивни сили што се борат против национализмот, за социјална правда и мир во нашиот регион, денеска станува посилна. Порака, не само за Балканот, туку за цела Европа“, напиша Ципрас на Твитер.

Profile photo, opens profile page on Twitter in a new tab

Alexis Tsipras
@tsipras_eu
Congratulations @Zoran_Zaev. Thanks to your efforts, the message of brave progressive forces that fight against nationalism, for social justice and peace in our region, became stronger today. A message not just for the Balkans, but for all of Europe. #NorthMacedonia #elections