ДКСК ќе разгледува дали е прекршен Изборниот закон при изборот на ректор на УКИМ


Фото: Б. Грданоски

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи својата 35-та седница.

Според најавата, ДКСК на седницата ќе расправа по предметот оформен по сопствена иницијатива заради постоење на сомневање за прекршување на членот 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, како и по други предмети поврзани со изборниот период 2020 година.

Согласно препораките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, како и немањето услови за присуство на новинарски екипи во овој период, седницата ќе се одржи без присуство на медиуми, a во живо ќе биде пренесувана на линкот https://us02web.zoom.us/j/86398457855.