Рисима Рисимкин одбележа јубилеј на „Охридско лето“: Три децении синоним за македонска танцова авангарда


Поранешната балерина со остварени голем број улоги, сега синоним за македонска танцова авангарда, Рисима Рисимкин, вчеравечер во рамките на програмата на „Охридско лето“ го одбележа јубилејот, 30 години кореографско творештво. Во нејзина кореографија и режија, во предворјето на црквата „Света Софија“ беше прикажана претставата „Идентитети-историја на еден растегнат сон“. Прекрасната визуелна слика што се движеше […]

„Врба“ на филмски фестивали во Валенсија, Сараево и Пекинг


„Врба“ на  режисерот Милчо Манчевски е избран во главната селекција за награди на филмскиот фестивал во Валенсија (Mostra de Valencia), еден од најголемите во Шпанија, кој ќе се одржува од 22 октомври до 1 ноември. Како што соопшти „Банана филм“, селекторите на фестивалот во официјалната покана, меѓи другото, наведуваат дека се „одушевени од автентичниот и деликатен […]

Гладијаторските борби се враќаат во Стоби, ама виртуелно


Првпат во земјава е изработена апликација за виртуелно доживување на археолошки локалитет која посетителите ќе ги врати во минатото. На социјалните медиуми веќе се најавува уникатна можност за посетителите на археолошкиот локалитет Стоби да присуствуваат на виртуелна гладијаторска борба во театарот на Стоби во II век од н.е. Ова виртуелно доживување е изработено преку проектот […]

Спејс-Икс на Маск доби нови 1,9 милијарди долари


САД – Компанијата Спејс-Икс, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск, доби 1,9 милијарди долари нови средства, според поднесокот до американските регулатори. Според повеќе медиуми, ова е најголемата поединечна рунда прибрани финансиски средства за Спејс-Икс досега. Така, вредноста на капиталот на оваа приватна компанија што се бави со производство на ракети и вселенски летови, по оваа […]

Носењето маска ќе биде систематско на работните места во Франција


Франција – Носењето маска ќе биде систематско на работните места во Франција, што подразбира и во отворените работни простори – канцеларии (опен спејс), соопшти француската министерка за труд  Елизабет Борн, по состанокот со социјалните партнери. Со ова француските власти ги следат неодамнешните повици од неколку специјалисти за заразни болести да се намали ризикот од заразата, јави […]

Пет опции на Путин во однос на Лукашенко


Рускиот претседател Владимир Путин би можел да игра клучна улога во решавањето на кризата во Белорусија. И за тоа има пет опции, пишува „Блиц“. Белорускиот претседател Александар Лукашенко, „последниот европски диктатор“ кој е на власт цели 26 години, одби да ги повтори изборите во неговата земја, за кои многумина веруваат дека биле лажирани. Притиснат од […]

Демократите и официјално го номинираа Џо Бајден за претседателски кандидат


САД –  На вториот ден од националната конвенција на Демократската партија Џо Бајден и официјално беше номиниран за претседателски кандидат за изборите во ноември, кој за влез во Белата куќа ќе се трка со актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јави ДПА За Бајден, поранешен сенатор и потпретседател на земјата, номинацијата доаѓа по повеќе од три децении […]

Кристија Фриленд е нов министер за финансии на Канада, прва жена во историјата на земјата


Канада – Кристија Фриланд е првата жена што доаѓа на престижната позиција министер за финансии во историјата на Канада. Таа го замени Бил Морноа, кој во понеделникот вечерта си поднесе оставка на функцијата заради различните концепти во буџетското трошење со премиерот Џастин Трудо. Кристија Фриланд станува федерална министерка за финансии во време кога Канада се справува […]

Скопје ќе се обои на фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“


Почнувајќи од вечерва до 22 август, четири вечери на 18 локации, 25 уметници и изведувачи со своите изложби, перформанси и 3Д мапирања ќе го осветлат главниот град и ќе го обојат во сите бои, почнувајќи од симболот на Скопје, Камениот мост. Како што информираат од Градот, замислената рута на движење ќе продолжи по кејот на […]

СЗО: Имунитетот на стадо се постигнува единствено со вакцина


Швајцарија – Светската здравствена организација соопшти дека човештвото не е ни приближно да постигне ниво на имунитет на коронавирусот што би било неопходно за стекнување на имунитет на стадо, каде што доволен дел од населението би имал антитела да ја запре епидемијата. Имунитетот на стадо обично се постигнува преку вакцинација, а повеќето научници проценуваат дека најмалку […]

Вонреден самит на ЕУ за Белорусија


Белгија – Лидерите на земјите-членки на Европска Унија денеска ќе одржат вонреден онлајн самит поради политичката криза во Белорусија по претседателските избори. Протестите во Белорусија почнаа откако Александар Лукашенко прогласи победа со освоени 80,1 отсто од гласовите. Опозицијата обвинува за изборен фалсификат, а противкандидатката Светлана Тихановскаја пребега во Литванија. Во протестите загинаа најмалку две лица, повредени […]

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, иако има тренд на намалување


Нови 130 случаи со Ковид-19 од 1.742 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се едно лице од Скопје (70) и едно од Штип (75), двете во болнички услови. Регистрирани се 152 оздравени пациенти. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.970, бројот […]

Променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и ветер


Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 22 до 31 степен. Во Скопје и околината […]

Мадона на 62 години не личи на себе: Претера со естетските операции


Јамајка– Кралицата на поп-музиката Мадона прослави 62 години со децата на Јамајка. Фотографии од дружбата со семејството сподели на Инстаграм. Мадона во седмата деценија не изгледа на себе по бројните естетски операции во обид да им пркоси на годините. Од 1980 година е неприкосновена на поп-тронот, првенствено со завидната кариера,  и со 14 студиски албуми […]

Објавена биографијата „Арсен – човек како тој“ на хрватскиот новинар Златко Гал


Во Шибеник денес ќе биде претставена биографијата на големиот композитор, поет, кантавтор, уметник… – Арсен Дедиќ. Арсен е роден на 28 јули 1938, а почина на вчерашен ден (17-ти август) 2015 година. Биографската книга „Арсен – човек како тој“, ја напиша хрватскиот новинар Златко Гал. Својот прв албум Арсен го објави пред 50 години за […]

Фаучи: Ковид-19 може да предизвика долгорочни последици, посебно кај младите


САД – Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека долгорочните последици од Ковид-19 се навистина мачни, особено кај младите луѓе. – Младите луѓе, кои инаку се здрави, а се инфицираат со коронавирус и немаат потреба од хоспитализација, имаат симптоми со недели, а понекогаш и месеци, рече Фаучи на брифингот на Американското здружение за микробиологија. Тој посочи […]

Синдикатите бараат Министерството за култура да го почитува колективниот договор


Чувствуваме потреба да ѝ соопштиме на јавноста дека како договорни страни во колективниот договор за културата и репрезентативни синдикати во културата, СКРМ и СОНК, испративме опомена пред тужба до Министерството за култура, кабинет на заменикот министер, поради прекршување на одредбите за плата од колективниот договор потпишан на 30.12.2019 г. и објавен во Службен весник бр. […]

Македонските филмски фестивали ги чекаат парите, Агенцијата за филм бара трпение


Македонските филмски фестивали реагираат дека и по шест месеци од доделената поддршка на конкурсот од Агенцијата за филм немаат потпишано договори, ниту, пак, добиено финансиски средства за нивно одржување. Агенцијата за филм има донесено одлуки и ја исплатила финансиската поддршка само за неколку фестивали и манифестации, додека останатите фестивали немаат официјален одговор и покрај многуте дописи, […]

Славенка Дракулиќ: Како ја преживеав короната (1)


Заразена со Ковид-19 за време на престојот во Шведска, славната регионална писателка од Хрватска, оваа пролет 6 недели лежеше во болница, од тоа 6 дена на респиратор   Лежам на подот од болничката соба. Бледoжолтиот линолеум е сè уште влажен затоа што пред малку го изми хигиеничарка на која и ги видов само очите и […]

„Браќа Манаки“ годинава онлајн, Пендаровски прв информиран


Претседателот Стево Пендаровски вчера ги прими Гена Теодосиевска, директорка на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и Игор Иванов Изи, претседател на ДФРМ и основач на ИФФК „Браќа Манаки“. На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните подготовки за годинешното 41-во издание на фестивалот, што поради пандемијата на Ковид-19, наместо со традиционалните проекции, ќе […]