Објавена биографијата „Арсен – човек како тој“ на хрватскиот новинар Златко Гал


Во Шибеник денес ќе биде претставена биографијата на големиот композитор, поет, кантавтор, уметник… – Арсен Дедиќ.

Арсен е роден на 28 јули 1938, а почина на вчерашен ден (17-ти август) 2015 година. Биографската книга „Арсен – човек како тој“, ја напиша хрватскиот новинар Златко Гал.

Својот прв албум Арсен го објави пред 50 години за „Југотон“, кој беше насловен „Čovjek kao ja“, а меѓу антологиските албуми кои останаа од тоа време се и „Homo Volans“, „Провинција“, „Кино Слобода“, „Тихи обрт“, „Министарство страха“…

Зад Арсен останаа голем број евергрини, како “Moderato cantabile” i “Kuća pored mora”, „Дјевојка из мога краја“, „О, младости“, „Откако те не волим“, „Амиго“…

Пишуваше за најголемите ѕвезди во Југославија – Габи Новак, Јосипа Лисац, Здравко Чолиќ, „Бијело дугме“, „Леб и сол“…

Лани, „дискографската куќа „Кроација рекордс“ на двоен компакт-диск ги објави неховите најрани снимки од периодот 1962-1964. „Рани години – Хронологија“.

Тој засекогаш ја задолжи музичката сцена и многу генерации кои уживаа во неговата музика, а неговиот придонес е немерлив и во театарот, на филмот и на телевизија.

Тој остави зад себе богатство на убава музика и стихови кои со право се сметаат за неизбришливо народно богатство. Кога станува збор за Арсен, сите се единствени, а дури и најголемите го прогласуваат за Најголем!