Мадона на 62 години не личи на себе: Претера со естетските операции


Јамајка– Кралицата на поп-музиката Мадона прослави 62 години со децата на Јамајка. Фотографии од дружбата со семејството сподели на Инстаграм. Мадона во седмата деценија не изгледа на себе по бројните естетски операции во обид да им пркоси на годините.

Со ќерката Лурдс Леон

Од 1980 година е неприкосновена на поп-тронот, првенствено со завидната кариера,  и со 14 студиски албуми зад себе, последниот беше лани „Madame X“ и над 300 милиони продадени албуми низ светот, но и со модните, сексуални, и со естетски експерименти.

Како најнова вест, ќе гостува на ремикс албумот на Дуа Липа “Future Nostalgia“ со Миси Елиот за песната “Levitating“.

Од 2017 година Мадона со шесте деца живее во Лисабон, Португалија заради фудбалската кариера на синот Роко.

Поп-ѕвездата и хуманитарка посвои четири деца од Малави, а фондацијата „Рајзинг Малави“ ја основа во 2006 година. Зад себе има два брака: со актерот Шон Пен (без деца) и со режисерот Гај Ричи (синот Роко). Од врската со личниот тренер Карлос Леон ја има ќерката Лурдс (23). Нејзиното богатство е проценето на 800 милиони долари.