Зголемен интензитет на сообраќајот, на ГП Ќафасан се чека 30 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. […]

Говорот на Трамп следен од 21,6 милиони Американци


САД – Околу 21,6 милиони Американци го следеа говорот на претседателот Доналд Трамп на завршната вечера на Националната конвенција на Републиканците пред Белата куќа, што е помалку од бројот на гледачи на говорот на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден, покажуваат првичните резултати на рејтинг агенцијата Нилсен. Како што јави Си-Ен-Ен, тој број може да биде поголем кога […]

Пелоси: Не е доволно да се издвојат 1,3 илјади милијарди долари за надминување на кризата


САД– Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси оцени дека предлогот на Белата куќа да се потрошат 1,3 илјади милијарди долари за надминување на економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот нема да биде доволен за да ги задоволи потребите на американските работници и семејства. Пелоси во соопштение наведе дека се надева дека републиканците […]

Антоновска : Четири жени министерки е показатeл дека ни е потребна родова квота во извршната власт


Четири министерки ќе брои новата влада, на мандатарот Зоран Заев, за која денеска ќе расправа новиот парламентарен состав, а која треба да биде изгласана најдоцна до утре на полноќ. Процентуално тоа е околу 21 отсто, што секако не е задоволителна бројка, со оглед на тоа што жените се речиси педесет проценти од популацијата во Северна […]

Приоритети на новата Влада – акцент на економијата, борбата против корупција, дигитализацијата и социјалната политика


Од идната недела Северна Македонија треба да има нова Влада. Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска ја закажа седницата на која треба да биде избрана Владата на мандатарот Зоран Заев. Единаесетата македонска Влада треба да биде избрана најдоцна до утре на полноќ. Мандатарот Зоран Заев до Собранието во средата ја достави Програмата и предлог-составот […]

Правници и економисти доминираат во предложениот владин состав, најмладиот министер има 33 години


Правници и економисти доминираат во составот на новата Влада на мандатарот Зоран Заев, дипломиран економист и долгогодишен бизнисмен и поранешен градоначалник, кој ја вршеше премиерската функција и во изминатите три години. За спроведувањето на владината програма ќе бидат задолжени и електроинженер, архитект, новинар, специјалист хирург, специјалист по неврохирургија, специјалист по интерна медицина, дипломиран социјален работник. […]

Ѓоковиќ го победи Баутиста и се израмни со Надал по бројот на Мастерс финалиња


САД – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ синоќа во полуфиналето на Мастерсот Синсинати во Њујорк, го победи Шпанецот Роберто Баутиста-Агут со резултат 4:6, 6:4 и  7:6 (7:0). По три часа игра Србинот стигна до 22-та последователна победа од почетокот на сезоната. Ѓоковиќ по 51. пат стигна до финалето на Мастерс и го дели првото место во […]

Собраниска седница за избор на нова влада на мандатарот Зоран Заев


Во Собранието денеска почнува седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот Зоран Заев. Откако пратениците ќе го разгледаат и дебатираат составот на единаесеттата влада, тој треба да биде изгласан најдоцна до утре на полноќ. За избор на владата е потребно просто мнозинство, односно 61 глас, а владината коалиција на СДСМ и другите партии […]

Изминатите пет дена бројот на новозаразени од Ковид-19 е под десет отсто од тестираните


Изминатите пет дена бројот на нови случаи на Ковид-19 е под 10 проценти од тестираните пациенти. На почеток на неделата беа направени 860 теста, од кои 78 пациенти резултираа позитивни на корона вирусот. Потоа следниот ден (25 август) бројот на тестови се искачи на над 1700, но бројот на новозаразени пациенти беше 127. Во некои […]

Сончево со мала до умерена облачност, температури до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе […]

Убавите мигови ги потиснаа неубавите: Интервју со Наташа Поповиќ, директорка на „Охридско лето“


Лејла Сабит -За наша среќа не откажавме ниту еден настап, ниту поради организација ниту поради уметниците кои доаѓаа од надвор. Бевме спремни да пречекаме околу 500 домашни и странски уметници кои со најпофални зборови си заминаа по нивните настапи. Токму тоа ни даваше мотив да успееме во нашата заложба, да реализираме уште едно успешно фестивалско […]

Меланија Трамп во џиш бои: Републиканската национална конвенција како модна писта


САД- Откако го привлече вниманието со најдолгиот и најсериозен говор како прва дама на втората вечер од Републиканската национална конвенција (РНЦ) и со стилизиран фустан со „армиски“ изглед, Меланија Трамп го поедностави изгледот но ги засили боите додека чекореше на последните две вечери на Републиканската национална конвенција . Од неонско зелена до фускија. Интересниот избор […]

Навални и натаму во кома, но не е животно загрозен


Германија– Водачот на руската опозиција Алексеј Навални сè уште е во индуцирана кома, но не е  животно загрозен, иако неговата здравствена состојба е сè уште сериозна, соопшти болницата во Берлин каде е сместен. „Пациентот сè уште е во одделот за интензивна нега во индуцирана кома и е на механичка вентилација“, се вели во соопштението на болницата. […]

Борел: ЕУ ќе даде шанса за дијалог со Турција


ЕУ сака да најде начин за поздрави односи со Турција и за таа цел мора да работиме на зачувување на просторот за дијалог, но и на силно застапување на интересите, порача шефот на дипломатијата на ЕУ,  Жосеп Борел. По неформалниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ во Берлин, тој истакна дека ЕУ […]

Сите зборат за новата девојка на Бред Пит: Никол личи на Џоли и на Шајк


САД- Оскаровецот Бред Пит (56) има нова девојка – познатиот актер излегува со германската манекенка со полски корени Никол Потуралски (27). Многу наликува на актерката Анџелина Џоли и на супермоделот Ирина Шајк. Двојката е видена на аеродром во Франција, во близина на замокот Миравал кој Џоли и Пит го купија во 2011 година. И двајцата […]

Витаминот Б12 може да го запре размножувањето на коронавирусот


Индија- Индиски научници откриле дека витаминот Б12 е во состојба да го блокира размножувањето на коронавирусот, а резултатите од истражувањето се објавени во списанието IUBMB Life. Користејќи компјутерско моделирање, научниците успеале да утврдат кои молекули содржани во природни производи и лекови можат да го потиснат дејството на nsp12, кој е содржан во геномот на SARS-Cov-2 и е […]

Од следната недела Северна Македонија со нова влада


До крајот на неделата се очекува Северна Македонија да има нова политичка Влада. Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре, сабота 29 август, ја закажа 10-тата седница на која треба да биде избрана Владата на мандатарот Зоран Заев. Единаесетата македонска Влада треба да биде избрана најдоцна до недела на полноќ. Џафери ја закажа седницата откако […]

Под сто нови случаи со Ковид-19, земјите од регионов ќе изработат протокол за отворање на границите


Во земјава во претходното деноноќие се регистрирани 89 нови случаи со Ковид-19 од направени 1.529 тестирања. Починати се седум пациенти, а оздравени 215 лица. Во меѓувреме, на видеоконференција на тема Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија, државите од регионов се договорија да изработат протоколи за отворање на границите. Вкупната бројка на Ковид […]

Целокупниот ефект е повеќе „џез“ отколку „класична“ музика, вели „Мјузик веб“ за „Македонисимо“ на Трпчески


Угледниот портал „Мјузик веб“ ја објави првата рецензија за албумот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, што денес е објавен под престижната британска етикета „Лин Рекордс“. Зборувајќи за концептот „да се понудат камерно музички-аранжмани на македонската традиционална музика“, критичарот Домини Клементс, истакнува: „Мора да се каже дека оваа мешавина од раскошни ритмички танци и нежно […]

„Македонисимо“ на Трпчески и пријателите објавен под британска етикета (видео)


Албумот на пијано виртуозот Симон Трпчески и пријателите, насловен „Македонисимо“, е објавен под престижната британска етикета „Лин Рекордс“, соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Тој беше најавен со синглот „Не си го продавај, Кољо, чифликот (Омаж за Брамс)“. Како што изјави Трпчески во интервју за „Независен“, „албумот е фузија на фолк и класична музика, […]