Сите зборат за новата девојка на Бред Пит: Никол личи на Џоли и на Шајк


САД- Оскаровецот Бред Пит (56) има нова девојка – познатиот актер излегува со германската манекенка со полски корени Никол Потуралски (27). Многу наликува на актерката Анџелина Џоли и на супермоделот Ирина Шајк.

Двојката е видена на аеродром во Франција, во близина на замокот Миравал кој Џоли и Пит го купија во 2011 година. И двајцата носеле маски за лице, капи и очила за сонце при излегување од приватниот авион.

„Тие поминуваат некое време заедно на одмор и уживаат во друштвото додека патуваат“, изјави извор за „Пипл“.

Па, која е Никол Потуралски? Таа е германски модел, професионално позната како Нико Мери, убавицата штотуку се појави на насловната страница на изданието на Elle Германија за септември 2020 година. Потуралски, која зборува пет јазици, се најде и во списанија како Харпер Базар и Грација. Живее и работи на релација Берлин-Лос Анџелес.

За разлика од Бред Пит кој има шест деца од претходниот брак со Џоли, Никол има еден син.

Пит и Џоли се разведоа во 2016 година заради непомирливи разлики. Се венчаа во 2014 година, десет години откако се сретнаа за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Тоа беше втор брак за Пит, откако претходно беше оженет за Џенифер Анистон, додека за Џоли беше трет по Били Боб Торнтон и Џони Ли Милер.