Меланија Трамп во џиш бои: Републиканската национална конвенција како модна писта

САД- Откако го привлече вниманието со најдолгиот и најсериозен говор како прва дама на втората вечер од Републиканската национална конвенција (РНЦ) и со стилизиран фустан со „армиски“ изглед, Меланија Трамп го поедностави изгледот но ги засили боите додека чекореше на последните две вечери на Републиканската национална конвенција .

Од неонско зелена до фускија. Интересниот избор на бои на Меланија го привлече вниманието на јавноста. За последната вечер на РНЦ, првата дама на САД избра неонско зелен плисе фустан без ракави. Фустанот е од пролетната колекција за 2020 година на италијанската модна куќа  Валентино , со тенок ремен во магента боја и во ист тон високи потпетици на Маноло Бланик. Носеше минимална шминка и со стандардна исфенирана долга коса.

Претходната вечер таа изненади во коктел фустан во фускија боја на тајванско-канадскиот дизајнер Џејсон Ву (кој беше омилен дизајнер на Мишел Обама). Со кадифени завршетоци на невидливиот ремен на половината и со црни стилето на Маноло Бланик. Со лабава  коса со лабави кадрици и минимална шминка за да го задржи изгледот избалансиран.

Слична креација на Џејсон Ву за прв пат облече акерката МJ Родригез на Еми 2019. Но, наместо коктел фустан, моделот беше долг вечерен фустан.

Иванка Трамп
Тифани Трамп
Доналд Трамп помладиот со девојката Кимберли Гилфој