Deeper underground фестивал во Охрид од 14 до 16 август


Првиот Deeper underground фестивал во Охрид ќе се одржи од 14 до 16 август, најави „Авалон продукција“. Капацитетот е адаптиран по протоколите за само 3.000 посетители од вечер, што е 20 отсто од капацитетот во Касарна каде што ќе се одржува фестивалот. „Задоволство ни е да ви најавиме дека ‘Авалон продукција’ од оваа година патентира […]

Анализа: Германија – нова цел за мешањето на Русија и Кина


Англија – Германија стана клучна цел за интервенција и влијание на кинеското и руско мешање  ставајќи ја најголемата европска економија на „фронт-линијата на новата Студена војна, се наведува во анализа објавена од Скај њуз. Лошите односи меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел го засилија чувството на Берлин за изложување на потенцијални опасности […]

ЕХФ: Македонија со пад од две позиции


Австрија – Машките ракометни клубови од Македонија бележат пад од две места на најновата ранг-листа на ЕХФ, врз основа на која ќе се врши распределбата на места во европските купови за сезоната 2021/22. Клупскиот ракомет во земјава сега се рангира на петтото место. Лидер на листата e Германија, додека на втората позиција сега е Франција. Ваквата […]

Шефицата за здравство на ЕУ загрижена поради порастот на заразени со Ковид-19 во некои земји


Кипар– Шефицата за здравство на ЕУ, Стела Кириакидес изрази загриженост поради порастот на бројот на заразени лица со коронавирус во неколку европски земји, пред се предизвикано од „самоволието“ на јавноста која не ги почитува правилата за лична хигиена. Таа истакна денеска дека и на нејзиниот роден Кипар постои загриженост поради локалното ширење на инфекцијата. Според […]

Меланија Трамп планира да ја реновира Розовата градина. Погледнете ги другите измени што ги направи во Белата куќа


САД- Таа заврши многу со местото. Како и секоја претходна прва дама која сакала да остави свој печат,  Меланија Трамп веќе реновирала во Белата куќа кога гостите ја посетиле лани, за втората државна вечера од претседателството на Трамп во септември. И таа не застана тука. Деновиве, првата дама ги објави плановите за реновирање на градината […]

Нов термин за Тур де Франс 2021 поради Олимпијадата


Франција– Меѓународната унија за велосипедизам (УЦИ) во официјалното соопштение за медиумите информира за новите датуми на Тур де Франс 2021. Терминот е променет поради совпаѓање со натпреварот во велосипедизам на Олимпијадата во Токио. Претходно, Олимписките игри 2020 беа одложени за 2021 година поради пандемијата на коронавирус. Тур де Франс 2021 година, првично закажан од 2 […]

На Хонг Конг му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирусот


Хонг Конг– Градоначалничката на Хонг Конг, Кери Лам ги предупреди граѓаните дека на градот му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирусот и апелираше до сите да останат дома што е можно подолго. Со новите регулативи се забранува собирање на повеќе од две лица, привремено се затвораат угостителски објекти, а носењето маски е задолжително и на отворено. – Се наоѓаме на прагот на […]

Автопортрет на Рембрант продаден за 16 милиони евра


Англија– „Автопортретот со црна капа“ на холандскиот сликар Рембрант ван Ријн, од 1632 година, е продаден за 14,5 милиони фунти (речиси 16 милиони евра) на интернет наддавање на аукциската куќа „Сотби“. За сликата биле заинтересирани шест понудувачи. Аукциската куќа соопшти дека станува збор за нов рекорд за автопортрет на холандскиот сликар. Претходниот рекорд го држеше автопортретот […]

Турскиот Парламент го изгласа законот со кој се заострува контролата врз социјалните мрежи


Турција – Турскиот Парламент денеска го усови законот со кој се предвидува засилена контрола врз социјалните мрежи, што предизвикува загриженост во врска со слободата на изразување. Главните социјални мрежи, како Твитер и Фејсбук, во иднина ќе мора да имаат свој претставник во Турција. Социјалните мрежи, исто така, ќе треба да се придржуваат кон наредбите на турскиот […]

Во 2019 убиени рекорден број активисти за животна средина


Англија – Најмалку 212 активисти за животна средина ширум светот се убиени во 2019 година, додека учествувале во еколошки акции против штетни индустрии и корумпирани вработени, со што минатата година е најсмртоносна за активистите за животна средина, соопшти невладината организација Global Witness. Повеќе од две третини од убиствата се случиле во Латинска Америка. Вистинската бројка на смртни случаи сигурно е поголема, бидејќи некои […]

Астероид ќе мине покрај Земјата во август


Русија – Астероидот „2009 Пи-кју-1“ ќе мине крај Земјата во август, но не претставува опасност за нашата планета, нагласи рускиот астрофизичар Јури Балега. Потпретседателот на Руската академија на науки, исто така, изјави дека друг астероид ќе мине блиску до Земјата во април 2029 година, но ни тој, најверојатно, нема да ја загрози нашата планета, иако […]

Првите луѓе на Фејсбук, Епл, Амазон и Гугл на сослушување пред американските конгресмени


САД– Првите луѓе на најголемите технолошки компании Фејсбук, Епл, Амазон и Гугл денеска ќе присуствуваат на сослушување пред американските конгресмени, кои ќе се обидат да ја утврдат нивната пазарна моќ. Четворицата водечки менаџери на овие гиганти ќе одговорат на прашањата на конгресмените преку видео-врска за нивниот бизнис, монопол и нелојална конкуренција. Така, основачот на Фејсбук, Марк […]

Турбо-корона на Западен Балкан: За бакнежите и забавите


Црна Гора одново прогласи епидемија на Ковид-19 на цела територија. Впрочем коронавирусот зема нов замав речиси насекаде на југоистокот на Европа. Кои се причините на наглото ширење на инфекцијата? Клубовите во европскиот центар на љубителите на „журки” на островот Паг би требало да се затворени. Но, минатиот викенд ситуацијата во светски познатиот Зрч беше поинаква. […]

Протести во САД и кампањата на законот и редот на Трамп


Насилни протести избувнаа во неколку американски градови во знак на солидарност со градот Портланд, каде што и покрај противењето на локалните власти, федералните безбедносни сили интервенираа по наредба на претседателот Доналд Трамп, кој во центарот на неговата изборна кампања за претседателските избори во ноември, го стави одржувањето на законот и редот, ги пренесува радио Слободна […]

Фармацевтската компанија Модерна планира да продава вакцина за коронавирусот за 50 до 60 долари


САД– Фармацевтската компанија Модерна планира да ја продава стандардната доза на вакцина против коронавирус по цена од 50 до 60 американски долари, што е за околу 11 американски долари повеќе од цената на вакцините што ќе ги продаваат „Фајзер“ и „БиоНТех“, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори. Предложената цена на Модерна е повеќе од 39 […]

Среќен роденден, Џеки Кенеди: Како нејзиниот стил го инспирираше брендот за сандали Џек Роџерс


САД- Џеки Кенеди Оназис носеше креации од страна на некои од најпознатите модни дизајнери во светот. Во времето на нејзиниот мандат како прва дама од 1961 до 1963 година, таа дури имаше личен дизајнер Олег Касини кој ѝ ја дизајнираше облеката додека таа и претседателот Џон Ф. Кенеди престојуваа во Белата куќа. Но, таа едноставно […]

Кинеските хакери ги напаѓаат компјутерските мрежи на Ватикан


Ватикан – Кинеските хакери во последните неколку месеци извршиле серија кибер напади врз компјутерските мрежи на Ватикан, наведува весникот „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на податоци на американската компанија за компјутерска безбедност „Рекордед Фјучр“ (Recorded Future). Нападите се регистрирани во пресрет на следната рунда разговори, закажани за септември, за назначување нови епископи во Кина,од страна на папата […]

Вонредната состојба во Италија е продолжена до 15 октомври


Италија– Италијанскиот Сенат, по барање на премиерот Џузепе Конте, донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 октомври. Конте претходно побара од Парламентот да ја продолжи вонредната состојба во земјата до крајот на октомври, што ќе му овозможи да владее со декрети, и покрај силното спротивставување на опозициските партии. Владата кон крајот на јануари […]

„Watchmen“ има најмногу номинации за ТВ-оскарот-26


САД- Дистопската серија „Watchmen“ води оваа година со 26 номинации за телевизиските награди „Еми“, познати и како ТВ-оскари, објавија организаторите. Серијата, продуцирана од ХБO, која се чини дека ја зароби нелагодноста на Америка соочена со расни судири среде пандемија, беше номинирана за најдобра серија со ограничено времетраење, и доби номинации за актерската екипа, меѓу кои […]

ИБеј ги надмина проценките за кварталниот приход


САД– ИБеј денеска ги надмина проценките на Вол Стрит за квартални деловни резултати, бидејќи онлајн трговската компанија имаше корист од скокот на купувањето преку Интернет. Овој вид на бизнис доживеа пораст поради луѓето кои се во карантин, откако државите се затворија поради коронавирусот. Приходот се зголеми на 2,87 милијарди долари, од 2,42 милијарди американски долари во вториот квартал и ги надминаа […]