Леди Гага е кралица на маските: Од Ирис Ван Херпен до Валентино
САД-Поп-ѕвездата Леди Гага (34) никогаш не разочарува на црвениот килим и на настапите. Синоќа на доделувањето на видео-музичките награди на „Ем-ти-ви“ (на Интернет, проследено со претходно снимени настапи) Гага освен со освоени пет награди (меѓу кои и за песна на годината, уметник на годината и соработка на годината – за песната „Rain on Me) доминираше и со екстравагантниот изглед. За секоја песна смени гардероба со маска како моден додаток, вкупно девет, на дизајнери од високата до дизајнери на авангардната мода.