Бекамови таеле дека биле позитивни на коронавирус, допрва ќе дадат изјава


Англија– Кружат написи дека дизајнерката Викторија и фудбалерот Дејвид Бекам се заразиле со Ковид-19 на почетокот на оваа година откако се забавувале во Лос Анџелес. Според весникот „Сан“, двојката и голем број роднини, пријатели и вработени биле позитивни на Ковид-19 и решиле заразата да ја чуваат во тајност. На семејството, наводно, му се слошило во […]

Од корона почина Брус Вилијамсон, експејачот на легендарната „Темптејшнс“


САД– Брус Вилијамсон, поранешниот пејач на легендарната група „Темптејшнс“ на Motown , по борбата со коронавирусот почина на 49-годишна возраст во неговиот дом во Лас Вегас, пренесуваат странските медиуми. Вилијамсон на групата ѝ се придружил во 2006 година, а пеел на концертите и на телевизиските настапи до 2015 година. „Нема зборови во светот кои можат […]

Амазонија повторно зафатена со пожари


Бразил – Една година по катастрофалните пожари во Амазонија, „белите дробови на планетата“ од крајот на август повторно се зафатени од огнови, а пожарите годинава се закануваат да бидат полоши од оние што се случија минатата година. Бразилските медиуми јавуваат дека пожарите во бразилскиот дел од амазонската прашума во август се пониски за пет проценти, повикувајќи […]

Лидерите на протестите во Белорусија преминале во Украина


Членовите на белорускиот опозициски Координативен совет, вклучувајќи ја и лидерката на протестите, Марија Колесникова, денеска ја минале границата и влегле во Украина, изјави портпаролот на белоруската државна комисија за граници, Антон Бичковски. -Потврдуваме дека во 4 часот утринава ја минаа граничната контрола на преминот Александровка, рече портпаролот на агенцијата за Тасс. Во групата биле лидерката […]

Заев: Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни


Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни. Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста, напиша утрово на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев. -Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста! Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните […]

 Баерн – Севиља ќе се игра пред навивачи


Унгарија– Натпреварот од Суперкупот на Европа помеѓу Баерн (Минхен) и Севиља ќе се игра пред навивачи во Будимпешта, како што беше планирано, а странските посетители ќе бидат примени само по негативен тест за КОВИД-19, објави УЕФА. Европскиот штаб со официјално соопштение потврди дека билетите се пуштени во продажба, а натпреварот на 24 септември ќе послужи […]

Прва хронометар велосипедска трка во Маврово


Во Маврово денеска првпат ќе се одржи хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN, за професионални и аматерски велосипедисти, во рамки на која ќе се вози патека во должина од 22 километри, во правец Бистра – Леуново – Бистра. Натпреварувачите ќе бидат поделени во две категории, про и хоби. Категоријата про ги опфаќа членовите на клубовите […]

Во Русија произведена првата серија од вакцината „Спутник V“ за цивилна употреба


Русија – Во Русија е произведена првата серија од  вакцината „Спутник V“ за цивилна употреба, а наскоро ќе следи и дистрибуцијата низ сите региони во земјата. Руското Министерство за здравство соопшти дека вакцината „Спутник V“ за коронавирус, изработена од Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, ги минала тестовите во лабораториите на Федералната здравствена служба (Росздравнадзор) и […]

Доживотен затвор за напаѓачот кој уби 39 гости во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул


Турција– Турски суд денеска осуди екстремист од т.н. Исламска држава на доживотен затвор за новогодишниот напад врз ноќен клуб во Истанбул во кој беа убиени 39 лица, во 2017 година, јави Анадолија. Узбекистанецот Албулкадир Машарипов е прогласен за виновен за 39 убиства и обид за уривање на уставниот поредок и осуден на 40 доживотни затворски […]

Пендаровски: Заеднички императив е следните години да живееме многу подобро отколку до сега


Пред скоро три децении, во 1991-та, на референдум, убедливо мнозинство наши граѓани гласаа да живеат во независна, слободна и демократска Република Македонија. Оттогаш имавме и напредок и падови во борбата за демократски вредности. Патот по кој тогаш тргнавме не е лесен, вели во писменото обраќање претседателот Стево Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста […]

СЗО до владите: Не манипулирајте со информации за пандемијата


Швајцарија– Директорот на СЗО за итни ситуации, Мајкл Рајан, денеска ги предупреди владите да не даваат политички мотивирани информации за пандемијата со коронавирусот. Рајан во Жeнева кажа дека „обидот да им се презентираат поедноставени решенија на луѓето, да долг рок, не е стратегија која победува“. -Ако заедниците проценат дека добиваат информации со  кои политички се […]

Врачување на државната награда „8 Септември“


Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ денеска во Собранието ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2020 година. Љуљзим Вренези е годинашниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на […]

Студија: Инфекцијата трае седум дена


Тестовите за коронавирусот се толку чувствителни што можат да откријат траги од неактивни вируси на инфекција која поминала пред неколку недели, што може да резултира со лажно позитивни резултати кои ги зголемуваат размерите на пандемијата, покажа истражување на британски научници од Оксфорд. Научниците од универзитетот велат дека повеќето луѓе се заразни само седум дена, но оти тестовите можат да […]

Раб: Безбедното враќање на Колесникова мора да биде врвен приоритет за Белорусија


Англија – Велика Британија ја повика владата на белорускиот претседател Александар Лукашенко враќањето на Марија Колесникова да стане нејзин главен приоритет, откако вчераутро беше соопштено дека опозиционерката била киднапирана од неидентификувани лица. Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјави дека е „сериозно загрижен за Марија Колесникова“, јавија синоќа британските медуими. -За режимот на Лукашенко, нејзиното […]

Данокот на доход и персоналецот остануваат на 10 отсто, Владата не се откажува од прогресивното оданочување


Новата Влада го почна својот четиригодишен мандат. Првата седница ја одржа неделава и ги донесе првите одлуки. Во Програмата, која треба да ја исполни во добиениот мандат, на 57 страници се наведени приоритетите. Фокусот во економијата планира целосно да се насочи во спроведување на клучниот процес на трансформација на нашата економија. Ќе гарантира предвидливост во […]

Битката со Ковид-19 ја загуби поранешниот градоначалник на Центар Жупа


Како последица од Ковид-19, на 52 – годишна возраст синоќа почина Мазлум Хасан, поранешен градоначалник на општина Центар Жупа и познат бизнисмен во нашата земја и во Италија. Како што информираа од општината, Хасан починал во болнички услови во Скопје каде бил хоспитализиран повеќе од две недели, откако му било дијагностицирано дека е позитивен на […]

Ќе беше магично да го дочекавме оскаровецот Камински: Интервју со Гена Теодосиевска, директорка на „Браќа Манаки“


ЛЕЈЛА САБИТ Фото: Борис Грданоски  „Не смееме да дозволиме кино салите да останат тивки и празни. Тоа би било апокалиптично, депресивно… Филмските фестивали се формирани, основани, организирани да ја промовираат филмската култура на соодветен начин, на големо платно, било во кино сала или на отворен простор. Возбудата пред и после филмот е неприкосновено, незаменливо чувство […]

Дваесет и девет години независност, одбележувањето под посебни услови


Во земјава денеска се одбележуваат 29 години од независноста, односно од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, прославата ќе се одржи во посебни услови согласно протоколите на Комисијата за заразни болести за одбележување државни празници, без масовни народни собири, […]

Се договараат кадрите за заменици-министри и собраниски комисии


Партнерите од владејачката коалиција ги договараат кадрите кои ќе ги предложат за заменици-министри, а јавноста ги очекува и имињата на претседателите и замениците на 21 собраниска комисија, што треба да ги номинираат пратеничките групи од власта и опозицијата. Премиерот Зоран Заев  верува оти до крајот на неделава ќе биде постигнат договор за  замениците-министри и првите […]

Активни 2.018 случаи на Ковид-19, препорака за враќање на работа на хронично болните


Нови 37 случаи со Ковид-19 од 484 тестирања беа евидентирани во вчерашната 24 часовна статистика на Министерството за здравство. Починати се шест пациенти, од Скопје (73 г.), Струга (79 г), Гостивар (55 г.), Крива Паланка (63 г.), Делчево (86 г.) и од Кичево (74 г.). Регистрирани се 251 оздравен пациент. Вкупниот број на ковид дијагностицирани […]