Од корона почина Брус Вилијамсон, експејачот на легендарната „Темптејшнс“


САД– Брус Вилијамсон, поранешниот пејач на легендарната група „Темптејшнс“ на Motown , по борбата со коронавирусот почина на 49-годишна возраст во неговиот дом во Лас Вегас, пренесуваат странските медиуми.

Вилијамсон на групата ѝ се придружил во 2006 година, а пеел на концертите и на телевизиските настапи до 2015 година.

„Нема зборови во светот кои можат да опишат како се чувствувам сега. Те сакам, тато и ти благодарам што беше предобар и полн со љубов. Ти благодарам што беше тоа што си. Се молам на Бога и повторно ќе се сретнеме“, напишал неговиот син на социјалните мрежи.

Групата „Темптејшнс“ е основана во 1960 година во Детроит, а а нивните хитови ги вклучуваат песните „My Girl“ (1964)  „Ain’t Too Proud To Beg“ (1966),My Girl, The Way You Do The Things You Do и You’re My Everything.