Раб: Безбедното враќање на Колесникова мора да биде врвен приоритет за Белорусија

Марија Колесникова остана единствена од главните опозициски фигури во Белорусија

Англија – Велика Британија ја повика владата на белорускиот претседател Александар Лукашенко враќањето на Марија Колесникова да стане нејзин главен приоритет, откако вчераутро беше соопштено дека опозиционерката била киднапирана од неидентификувани лица.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјави дека е „сериозно загрижен за Марија Колесникова“, јавија синоќа британските медуими.

-За режимот на Лукашенко, нејзиното безбедно враќање мора да биде врвен приоритет. Режимот мора да престане сурово да се однесува кон демонстрантите, да ги пушти на слобода политичките затвореници и да почне дијалог со опозицијата, рече британскиот министер за надворешни работи.

Неидентификувани лица вчераутро во центарот на Минск ја киднапираа Марија Колесникова, лидерка на белоруските протести, и ја однесоа во непознат правец, изјавија очевидци на настанот за локалните медиуми.

Соработниците на Колесников изјавија дека ги проверуваат овие извештаи во медиумите, како и белоруската полиција која ја истражува веродостојноста на информациите.