Бекамови таеле дека биле позитивни на коронавирус, допрва ќе дадат изјава


Англија– Кружат написи дека дизајнерката Викторија и фудбалерот Дејвид Бекам се заразиле со Ковид-19 на почетокот на оваа година откако се забавувале во Лос Анџелес.

Според весникот „Сан“, двојката и голем број роднини, пријатели и вработени биле позитивни на Ковид-19 и решиле заразата да ја чуваат во тајност.

На семејството, наводно, му се слошило во март кога двојката одлетала во САД за Дејвид Бекам да присуствува на должностите за неговиот фудбалски клуб Интер Мајами.

Извор изјавил за „Телеграф“ дека двајцата присуствувале на низа забави во ЛА од каде се заразиле со короната. Тие потоа полетале назад во Велика Британија, оставајќи го семејството стравувајќи дека станале „заразувачка бомба“.

Супербогатите и славни Бекамови го прославија 21-от роденден на нивниот син Бруклин на 6 март во нивната куќа во Котсволдс, на која присуствуваа голем број на гости од А-листата, вклучувајќи ги Ема Бантон и Стормзи. Потоа, цело лето се криеле на имотот во Котсволдс. 

Бекамови допрва ќе даваат изјава во врска со коронавирусот.