Следните два дена стабилно време со ниски утрински температури, викендот облачно со дожд


Во следните два дена ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Поради облачноста, утринските температури ќе бидат […]

Меѓународна балканска конференција за музичко – балетското образование


Меѓународна балканска конференција на тема „Состојби и перспективи во музичко – балетското образование“ ќе се одржи од денеска до 25 октомври во Скопје во организација на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“. На конференцијата ќе се разгледуваат специфичните практики и прашања од областа на професионалната музичко – балетска едукација. Ќе учествуваат музичко – балетското педагози од Словенија, […]

Скопје и натаму најголемо жариште, Аеродром на врвот по активни случаи


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на коронавирус, додека пак само на територија на Скопје има 325. Активни случаи по општини во Скопје: Аеродром – 592 Карпош – 479 Центар – 476 Гази Баба – 353 Кисела Вода – 332 Ѓорче Петров […]

Коронавирусот галопира на Балканот, државите уриваат рекорди


Најсериозна е ситуацијата во Словенија, Хрватска и во БиХ, каде заразата се шири со галопирачки размери. Земјите од регионот воведуваат полициски час и рестрикции. Дали тоа ќе биде доволно во борбата против Ковид-19? На Европа и се заканува ново затворање и ригорозни мерки за заштита, откако бројот на заразени со Ковид-19 почна да расте со […]

Уште еден црн биланс: Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица


Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, […]

Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар, повредени две лица, сообраќајот се пренасочува 


Две лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Гостивар по излетување на возило од коловозната лента. Соообраќајката се случила околу 15 часот и 20 минути на автопатот во близина на клучката за Жеровјане, поради што во прекин е сообраќајот и и возилата се пренасочуваат по околните патиша. – Патничко моторно возило „фокус“ со гостиварски […]

Стефоска назначена за претседателка на комисијата за УНЕСКО


Министерката за култура Ирена Стефоска е назначена за претседателка на националната комисија за УНЕСКО. – Владата донесе решение за измена и дополнување на решението за именување претседател, генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Македонија, при што за претседателка на Комисијата е назначена министерката за култура Ирена Стефоска – информира владата. Таа […]

„Економист“: Бајден има 93 отсто шанси за победа на изборите за претседател во САД


Англија –  Економист му дава 93 проценти шанса на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден да победи на претседателските избори на 3 ноември. Магазинот ја ажурираше својата прогноза дека Бајден има 93 отсто шанси да освои најмалку 270 гласови во Изборниот колеџ. Прогнозираат дека ќе добие 421 глас во Изборниот колеџ, што би значело победа во битката […]

Сара Мејс на својот роденден на светот му ја подари „Donka of Macedonia“ (видео)


Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс го претстави нежниот македонски мелос преку својата харфа на светскиот онлајн концерт по повод Светскиот Ден на харфата. Таа на настанот настапи со убавата мелодија насловена како „Donka of Macedonia“ која што беше избрана како дел од World Harp Day Specials. Концертот се одржа на денот на нејзиниот роденден, па […]

Дигитално предавање на Ондреј Свобода – драматург, театролог, архивист


Дигитално предавање на Ондреј Свобода – драматург, театролог, архивист и заменик директор во Театарскиот институт во Прага, соработник во тимот на Прашкото квадриенале за сцeнски уметности во Чешка ќе се одржи вечер во 19 часот во организација на Македонскиот центар на ИТИ / ПРОДУКЦИЈА, под покровителство на Амбасадата на Чешка, Министерството за култура и АТИ […]

Денови на текстилната индустрија во Штип – промоција на младата генерација


Креативната работа на пет средни текстилни училишта и  Универзитетот “Гоце Делчев” Технолошко-технички факултет од нашата земја ќе биде презентирана преку модна ревија која ќе се случи на 24 октомври 2020 (сабота) во Домот за млади во Штип, во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и […]

Дачиќ ќе биде идниот претседател на српското собрание


Србија-Идната српска влада ќе биде коалициона влада со СПС на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ и со ограничен рок од две години, се до вонредните парламентарни избори, кои ќе се одржат паралелно со претседателските, не подоцна од 3 април 2020 година, изјави вечерва српскиот претседател и лидер на Српската напредна партија (СПС) Александар […]

ММФ: И покрај корона-кризата, Народната банка продолжува со значаен прогрес во сферата на статистиката


Непрекинатото навремено објавување на квалитетни статистички податоци и во специфичните околности наметнати од пандемијата на Ковид-19 е клучно за економијата, особено заради носењето соодветни одлуки на економските субјекти и соодветно димензионирање на политиките и мерките. И покрај корона-кризата, Народната банка продолжи да остварува значаен напредок во сферата на статистиката, со клучни залагања за спроведување на […]

Од четврток во Бугарија задолжително носење маски и на отворено


Бугарија – Од четврток во Бугарија ќе биде задолжително носење маски и на отворен простор, со цел подобро справување со епидемијата на коронавирус. – Очекуваме намалување на инциденцата доколку строго се следат мерките. Во други земји ова веќе се спроведува. Ќе им дадеме можност на бугарските граѓани да набават маски и веруваме дека од четврток маските […]

Исплата на октовриските пензии од 27 октомври


Владата на денешната 13-та седница им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат од 27 овој месец. Како што информира владината Прес-служба, Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и го задолжила Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија […]

Заев предложи разрешување на Лидија Димова


Премиерот Зоран Заев на денешната 13-та владина седница ги информираше членовите на Владата дека го прифатил барањето на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, да му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова, заради неетично […]

Анкета: Откако Трамп се зарази со коронавирус, Американците помалку му веруваат


САД – Мнозинство од жените, повозрасните лица и независните сѐ повеќе ја губат довербата во американскиот претседател Доналд Трамп за информациите што тој ги дава околу Ковид-19, откако самиот се зарази од вирусот, се дознава од најновата анкета на Аксиос/Ипсос. Мнозинство од Американците ги отфрлаат идеите кои Трамп ги пласираше за хидроксихлорин како лек за коронавирус, […]

Надал потврди дека ќе игра во Париз


Франција – Рафаел Надал, носител на 20 Гренд слем титули, ја потврди информацијата на „Марка“, која се појави претходно денес дека тој ќе игра на Мастерсот во Париз во затворен простор, кој започнува на 2 ноември. – Време е за сезоната во затворено… оваа фотографија е од тренинг на Академијата Рафа Надал порано денес… И да, […]

Откажана средбата Заев-Фон дер Лајен заради нејзина самоизолација


Портпаролот на Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, призна дека таа ја напуштила Белгија откако одлучила да се самоизолира поради контакт со позитивен на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Фон дер Лајен минатиот четврток го напушти европскиот самит што се одржуваше во Брисел откако дозна дека била во близок контакт со […]

Кои македонски компании имаат најдобра пракса за безбедност и здравје при работа?


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании во нашата држава согласно Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа за 2020 година. Изборот беше во организација на националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од страна на […]