Надал потврди дека ќе игра во Париз


Франција – Рафаел Надал, носител на 20 Гренд слем титули, ја потврди информацијата на „Марка“, која се појави претходно денес дека тој ќе игра на Мастерсот во Париз во затворен простор, кој започнува на 2 ноември.

– Време е за сезоната во затворено… оваа фотографија е од тренинг на Академијата Рафа Надал порано денес… И да, се подготвувам за Париз / Берси, напиша Надал на Твитер, објавувајќи фотографија од неговата активност.

Претходно овој месец, 34-годишниот Шпанец го изедначи рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер од 20 Гренд слем титули, победувајќи по 13. пат (исто така рекорден) на Ролан Гарос.