Тимот на Бајден ќе покрене правна постапка поради одложувањето објавување на победникот


САД – Тимот на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден синоќа соопшти дека размислува да покрене правна постапка против доцнењето на државните служби при прогласувањето на демократскиот кандидат за победник на изборите во САД. Државната изборна комисија обично прогласува кандидат за претседател кога ќе стане јасно дека тој ја освоил власта, по што може да започне […]

Скапа насмевка и леден гламур: Дали Меланија ќе се разведе од Трамп?


САД– По изборниот пораз на Трамп , во саботата таа можеби се чувствува исто – овој пат, сепак, со солзи на олеснување. Педесетгодишната манекенка Меланија Трамп, родена во Словенија направи малку за да ги разбие гласините за нејзината неподготвеност да ја игра играта на првата дама. Некои отидоа подалеку, како поранешната службеничка во Белата куќа […]

Мал пад на бројот на новозаразени во Кина, повеќето увезени


Кина- Во Кина се потврдени 22 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е намалување во споредба со претходниот ден кога имаше 33, соопшти Националната здравствена комисија. Од вкупниот број нзаразени, само еден е од локален пренос во Шангај, додека 21 се увезени случаи. Регистрирани се и 25 нови асимптоматски случаи, кои не влегуваат […]

Зои Блаж му кажа „да“ на ракометарот Матијашиќ


Поп-пејачката Зорица Блажева му кажа „да“  на својот сакан Тадеј Матијашиќ, поранешниот ракоментар на ракометниот клуб „Металург“, кој моментално игра во германскиот град Зул. Зои Блаж веќе оддамна не е активна на музичката сцена. Блажева изминатиов период е во Германија како придружба на својот сакан. Пејачката неколку години е во врска со ракометарот Тадеј кој […]

Ерменија и Азербејџан потпишаа декларација за завршување на војната


Ерменија – Ерменскиот премиер Никол Пашинијан синоќа изјави дека со лидерот на Азербејџан, Илхам Алиев, потпишал декларација за прекин на војната во Нагорно Карабах, а „гарант“ на потписот е рускиот претседател Владимир Путин. Оваа одлука предизвика незадовоство во главниот град на Ерменија, Ереван, и упад на граѓаните во зградата на ерменската Влада. „Донесов тешка, исклучително тешка […]

Берлин очекува од Македонија и Бугарија решение за спорот, Захариева „ја префрла топката“ на Скопје


Германија се надева дека Северна Македонија и Бугарија ќе пронајдат заеднички јазик за нивниот спор и оти во тој процес ќе бидат земени предвид барањата на двете страни. Од друга страна, Бугарија порача дека Скопје треба да го искористи еднонеделното одложување на состанокот на Советот на ЕУ за разговори за надминување на спорот, додека македонските […]

Царовска : Училиштата не се трансмитери на вирусот и засега остануваат отворени


Сите мерки кои ги спроведовме ценам дека се добри и го дадоа очекуваниот ефект. Се почитуваат правилата и можеме да констатираме дека училиштата не се трансмитери на вирусот. Имаме помалку од еден процент заразени ученици и наставници во училиштата. Така што, сега засега тие остануваат отворени за учениците од прво до трето одделение и за […]

Самит за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес


Лидерите на западнобалканските земји и претставници на ЕУ денеска во Софија ќе одржат Самит за Западен Балкан, што се организира во рамки на Берлинскиот процес, со кој копретседаваат Северна Македонија и Бугарија. Покрај лидерите на земјите од регионот, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, на Самитот се очекува да учествуваат и шефови на држави или […]

Изборниот штаб на Трамп поднесе тужба за поштенското гласање во Пенсилванија


САД – Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба до сојузниот суд во Пенсилванија, барајќи да ги спречи владините претставници да ја потврдат победата на демократскиот кандидат Џо Бајден во таа сојузна држава. Во тужбата се наведува дека системот за поштенско гласање во Пенсилванија немал карактеристики на транспарентност и проверливост, што постоеле во случај на […]

Седници на четири собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, за европски прашања и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се измените на Законот за државјанство и на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните. Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе […]

Влез во Македонија, Србија и Албанија без ПЦР-тест и бесплатно лекување на болни од Ковид-19


Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе можат да ги минуваат границите и без ПЦР-тест, а доколку државјанин една од трите земји поради Ковид-19 се најде во болница, државата во која се наоѓа ќе ги преземе трошоците за лекување. Ова, меѓудругото, е предвидено во Меморандум за соработка во услови на Ковид-19, кој вчера го […]

Почнува вакцинацијата против сезонски грип


Бесплатната вакцинацијата против сезонски грип почнува денеска во шесте поликлиники на територија на град Скопје и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански во рамки на Здравствен дом Скопје. Вакцинацијата ќе се одвива секој работен ден во периодот од 14 часот до 19 часот, информираа за МИА од Здравствен дом […]

Повремени прекини на сообраќајот на патот Кичево – Охрид


На патниот правец Кичево-Охрид, делницата Пресека-Песочан денеска во периодот од 12:00 до 15:00часот ќе има повремени прекини во сообраќајот во двата правца поради минирања што ќе ги врши Илинден АД Струга, информира АМСМ. Повремените прекини ќе бидат во времетраење од 15 до 20 минути. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските изутринава средини […]

Претпладне магливо, попладне сончево


Времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 14 до 20 степени. Во Скопје, во утринските и во претпладневните часови магливо, а околу пладне и попладне сончево. Утринската […]

Прославениот босански актер Зијах Соколовиќ хоспитализиран со тешка форма на Ковид-19


Србија– Легендарниот актер и режисер Зијах Соколовиќ кој е на регионалната сцена над 50 години, се заразил со коронавирус и поради лошата клиничка слика е хоспитализиран пред неколку дена и се лечи во болница во Белград. Во телефонскиот разговор со новинарите од „Блиц“ актерот изјавил дека засега бил добро иако се чувствувал уморно. Актерот пред […]

Македонија со две титули на изборите за убавина во Анталија


Вчера вечер во Анталија, Турција се одржаа изборите за Кралица на Евроазија 2020 и Најдобрите деца на Евроазија за 2020 година. Нашите претставници во двете конкуренции направија голем успех освојувајќи две титули : Бисера Цуцулова ја освои титулата Трета придружничка односно Трета кралица на Евроазија 2020, а малиот 9-годишен Садат Јакупи на детскиот избор ја […]

Саудиска Арабија со тешко срце му ја честиташе победата на Бајден


Саудиска Арабија (Ројтерс) – Саудиска Арабија конечно му ја честиташе на Џо Бајден неговата изборна победа, повеќе од 24 часа откако го победи Доналд Трамп, кој имаше блиски лични врски со принцот престолонаследник Мухамед бин Салман. Поранешниот потпретседател на САД вети дека во својата кампања ќе ги преиспита врските со кралството, барајќи поголема одговорност за […]

Надал со ново историско достигнување во кариерата


Англија–  Рафаел Надал продолжува да испишува нови страници во рекордите на тенисот, а овојпат Шпанецот го подобри достигнувањето за најдолг престој во првите десет. Надал денеска ја почнува својата 790-та недела во топ 10 на светската ранг-листа. Досегашен рекордер беше Џими Конорс. Третото место во престижниот пласман го држи Роџер Федерер, кој на овие позиции […]

Белгија со највисока стапка на смртност од Ковид-19 во светот


Белгија – Белгија ги надмина Перу и Шпанија во бројот на мртви од Ковид-19 на 100 илјади жители, јави дописничката на МИА од Брисел. Со 110 починати на 100 илјади жители, Белгија е сега земја со највисока стапка на смртност од Ковид-19 во цел свет, покрај досегашните „шампиони“, Перу, Шпанија и Бразил. Белгија беше меѓу најлошите […]

Мерил Стрип ќе и ја врачи наградата на Амал Клуни за слобода во новинарството


САД– Адвокатката за човекови права и сопруга на Оскаровецот Џорџ Клуни, Амал Клуни (42) е годинешна добитничка на престижната  меѓународна награда за слобода во новинарството . Со наградата која го носи името на американската новинарка Гвен Ифил им се оддава голема почест на бранителите на прогонетите новинари. Тројната добитничка на Оскар, Мерил Стрип (71) ќе […]