Македонија со две титули на изборите за убавина во Анталија

Вчера вечер во Анталија, Турција се одржаа изборите за Кралица на Евроазија 2020 и Најдобрите деца на Евроазија за 2020 година.

Нашите претставници во двете конкуренции направија голем успех освојувајќи две титули : Бисера Цуцулова ја освои титулата Трета придружничка односно Трета кралица на Евроазија 2020, а малиот 9-годишен Садат Јакупи на детскиот избор ја освои титулата Принц на Евроазија 2020 !!

Во двете конкуренции победија претставниците на Русија.

Изборите се одржаа во прекрасниот Белис Де Лукс хотел но Анталија, каде кандидатите престојуваа 10 дена, на самиот брег на Средоземното море, подготвувајкји се за големото финале.

-Тие имаа одличен настап и заслужено ги освоија титулите, изјави Мики Црнокрак, чие Модно Студио ја има лиценцата за Македонија за овие интернационални избори за убавина.

Нашите кандидати се претставија во модели кои специјално за оваа прилика ги изработи модната дизајнерка Лумние Локи.