Зои Блаж му кажа „да“ на ракометарот Матијашиќ


Поп-пејачката Зорица Блажева му кажа „да“  на својот сакан Тадеј Матијашиќ, поранешниот ракоментар на ракометниот клуб „Металург“, кој моментално игра во германскиот град Зул.

Зои Блаж веќе оддамна не е активна на музичката сцена. Блажева изминатиов период е во Германија како придружба на својот сакан. Пејачката неколку години е во врска со ракометарот Тадеј кој по потекло е од Словенија. Иако имаа врска на далечина, со периоди кога не биле заедно поради работните обврски, сепак, љубовта била посилна од сè!

„Кажав „да“ на човекот кој што ме прави да се чувствувам посебна, кажав „да“ на среќата, кажав „да“ на љубовта, кажав „да“ на еден нов живот во кој ќе има само убавини… Те сакам највеќе на цел свет“, напиша Зои на своите профили на социјалните мрежи, споделувајќи ја среќната вест со своите пријатели и обожаватели.