Легендарните „Вилиџ пипл“ го тужат Трамп


САД – Групата „Вилиџ пипл“ ќе го тужат американскиот претседател Доналд Трамп за незаконско користење на нивната препознатлива песна „YMCA” во неговата кампања. Популарната диско-химна од 1978 година беше употребена во позадина на видео од изборната кампања. Продуцентската куќа Скорпио мјузик и другите сопственици на авторските права, „со изненадување ја открија оваа злоупотреба, згора на тоа за […]

Од викендот стабилно и суво, со пониски утрински температури, некаде и под нулата


Стабилно и суво време но со пониски утрински температури, каде наместа ќе се спуштат и под нулата, не очекуваат за време на викендот и почетокот на  наредната недела. Од УХМР информираат дека од денеска следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни […]

Проекција на „Хај-Фај“ во чест на Данчо Чевревски


Утре (7 ноември) во 18 часот на кинотечната програма е филмот „Хај-фај“ (Hi-Fi, 1987) на Владимир Блажевски, еден од петте дигитално реставрирани филмови македонски играни филмови објавени на ДВД носач. Проекцијата на филмот е во чест на неодамна починатиот актер и продуцент Данчо Чевревски (1951-2020), кој во „Хај-фај“ оствари една од неговите позначајни улоги. Секој посетител ќе добие подарок […]

Посмртен албум на легендата на филмската музика „Morricone Segreto“


Италија – Посмртен албум на италијанскиот композитор Енио Мориконе, беше претставен на Интернет. Колекцијата го носи насловот „Мориконе сегрето“ (Morricone Segreto). Мориконе почина во јули годинава. Албумот содржи 27 дела напишани од композиторот меѓу 1960-тите и 80-тите. Од нив, седум се досега необјавени, а има и помалку познати, иновативни и експериментални мелодии создадени од маестрото на […]

Милчо Манчевски добитник на наградата за најдобар режисер на Рејнденс во Лондон, петти трофеј за „Врба“


Милчо Манчевски ја освои престижната награда за најдобар режисер на фестивалот Рејнденс во Лондон, најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија и еден од најголемите во светот, каде неговиот филм „Врба“ ја имаше британската премиера. Жирито предводено од оскаровецот Џереми Ајронс ги додели престижните награди во осум категории, а „Врба“ имаше номинации за најдобар […]

Македонска вечер на ОФФест со Добрила & Дориан Дуо и Баклава


Деветнаесетиот ОФФест продолжува со македонска вечер. Надоврзувајќи се на традицијата на претставување на домашната сцена на ОФФест утре  во Македонската филхармонија ќе настапат Добрила & Дориан Дуо и Баклава. Групата Баклава е оформена во 2005 година, како резултат на спојот на индивидуалните музички искуства на нејзините членови во своите проекти, но и низ соработките со […]

Водител на Си-ен-ен спиел 6,5 часа во три дена поради изборите 


САД – Мајсторот на Си-ен-ен за изборни мапи, Џон Кинг спиел само 6,5 часа во три дена поради изборите во САД, кои сѐ уште немаат завршница и епилог. – Ме снимаа 12 – 14 часа и во вторникот и во средата. Вторникот вечерта спиев 2,5 часа, а вчеравечер – четири часа. Среќен сум што можам да направам колку […]

Судот ја одби жалбата на Трамп во Мичиген


САД – Изборниот штаб на републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, го загуби спорот пред судот во Мичиген, јавија британските медиуми. Изборниот штаб на Трамп бараше да се запре преборјувањето на гласовите во оваа американска сојузна  држава, меѓутоа државниот судија на Мичиген ја отфрли жалбата Американските медиумски куќи Фокс Њуз, Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си го прогласија Бајден за […]

Набљудувачите на Трамп можат одблизу да го следат пребројувањето


САД– Судот во Пенсилванија донесе одлука дека набљудувачите од кампањата на републиканскиот претседател Доналд Трамп можат да застанат поблиску и да го набљудуваат процесот на пребројување на гласовите во Филаделфија. Во Пенсилванија сè уште трае пребројувањето на гласовите, што може да одлучи кој ќе биде следниот претседател на САД, а кампањата на Трамп ја поздрави пресудата […]

Франција најпогодена европска земја со 1,6 милиони случаи на Ковид-19, рекордни над 58. 000 случаи за 24 часа


Франција– Новите ограничувачки мерки за вториот бран од епидемијата на кононавирусот во Франција, се чини, се уште не вродија плод, бидејќи за само 24 часа се забележани рекордни 58.046 нови позитивни тестови на Ковид-19, јави дописникот на МИА. -Франција е земја во Европа со најголем број случаи, 1,6 милиони, изјави  Жером Саломон, генералниот директор за […]

Си-Ен-Ен: Бајден ја зголеми предноста во Невада за 3.500 гласа


САД – Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден ја зголеми предноста во Невада пред ривалот Доналд Трамп за околу 3.500 гласови, јавуваат американските медиуми. Во примерок од над 87 проценти преброени гласови, Бајден има околу 49,5 проценти од гласовите, а Трамп има околу 48,5 проценти. Според Си-Ен-Ен, Бајден ја зголеми разликата и има повеќе од 11.000 гласови […]

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје позитивен на коронавирус


Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски, објави дека е позитивен на коронавирус. „Само што го добив позитивниот тест на Ковид-19. Се чувствувам добро и во моментот имам лесни симптоми. Момент на едно невнимание може да биде поразителен за сите нас! Им благодарам на здравствените работници за натчовечките напори што ги прават […]

Рекордни 1275 нови случаи на Ковид-19, починати се 13 лица


Во изминатото деноноќие регистрирани се 1275 нови случаи на Ковид-19, од направени 3331 тестирања. Починати се 13 лица, додека 502 пациенти се оздравени. Министерството за здравство информира од регистрираните 1275 случаи во Скопје се 519, Куманово-70, Штип-36, Прилеп-75, Тетово-85, Струга-30, Велес-47, Битола-69, Охрид-24, Кавадарци-40, Гостивар-55, Гевгелија-22, Струмица-39, Крива Паланка-7, Радовиш-15, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, […]

Уште една свадба во кланот Кенеди: Внуката Јунис се омажи во Диор венчаницата на баба ѝ


САД– Јунис Кенеди Шрајвер ја почести својата баба, по која го носи името, на нејзиниот голем ден, облечена во неверојатната венчаница од Диор. „Баба ми го носеше на нејзината венчавка со мојот дедо на 23 мај 1953 година, а 67 години подоцна, го носев за да се омажам за Мајки“, изјавила Јунис за „Вог“. „Венчаницата […]

Национална галерија: И покрај пандемијата, голема посетеност на изложбите во трите галериски објекти


Националната галерија на Северна Македонија соопшти дека и покрај пандемијата има рекордна посетеност на трите изложби кои во октомври беа организирани во трите галериски објекти – Даут-пашин амам, Чифте амам и Мала станица, кои публиката сè уште може да ги посети. – Таргетиравме публика од сите возрасти и интерес, понуда за секого… На почетокот на […]

Избори во САД: Може ли судовите да го направат Трамп победник?


Во 2000. траеше пет недели за официјално да се утврди победникот на изборите во САД. На крајот одлучи Врховниот суд. Трамп сака и овојпат да се повика на него. Но, тоа не оди така лесно, вели нашата проверка на факти Гласовите од претседателските избори во клучните држави сѐ уште не се пребројани. Но актуелниот претседател […]

По Лубутан чевли, сега Лубутан парфеми Loubiworld


САД– Дали имате навика да се изгубите во соништата за тоа каков би бил вашиот совршен живот? Да. Во мојата фантастична земја, живеам во еден стар замок во шкотскo село и ми сервираат бескрајни коктели со виски на сребрена чинија од мојот дечко, Крис Еванс, на кој не му пречи што ја потрошив целата своја […]

Предложените амбасадори ќе реферираат пред Комисијата за надворешна политика


Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надворешна политика, чии членови треба да ги чујат платформите на неколку новоименувани амбасадори на Северна Македонија во странство. Претставување на платформата ќе имаат Сашко Тодоровски кој треба да биде амбасадор во Прага, Чешка, Горан Цеков номиниаран за Јапонија, Светлана Гелева во Стразбур, Васко Грков кој треба да […]

Новиот Ајфон 12 ќе има и едно „скриено копче“


САД– Ајфон паметните телефони, обично имаат две копчиња отстрана – едно за контрола на звукот и едно за рестартирање. Новиот Ајфон има и трето, „скриено“ копче… Тајната е во новата верзија на оперативниот систем ИОС – 14-тата верзија на овој софтвер нуди неколку подобрувања, како што се уредување апликации во тематски папки, смалување на лентата […]

Меланија Трамп или Џил Бајден: Која ќе биде првата дама?


САД- Актуелната прва дама е атрактивна, потенцијалната има стил. Различни се по возраста, потеклото, кариерата, ама и двете сакаат скапи брендови облека и чевли. Сопругата на сегашниот претседател Меланија Трамп е родена на 26 април 1970 година во Словенија, а нејзината конкурентка за место во Белата куќа, Џил Бајден на 3 јуни 1951 година во […]