Луѓето во САД ќе умираат заради преоптоварените болници

Многу индикатори сугерираат дека следното лето ќе биде радосно и просперитетно и дека луѓето ќе се соберат повторно на отворено и во затворен простор. Но, ќе ги има помалку, бидејќи десетици илјади Американци кои можеа да бидат спасени, ќе умрат, пишува американскиот магазин Атлантик.

Постојат многу докази кои сугерираат дека се остварува едно од најлошите стравувања од пандемија – дека болниците ќе бидат пренатрупани, што ќе доведе до непотребни смртни случаи. Американците кои денеска умираат од Ковид-19 ќе преживееја ако се разболеа пред еден месец.

Минатата среда, за прв пат од почетокот на пандемијата, во американските болници имало 100.000 пациенти со Ковид-19. Пандемискиот кошмар, пукањето на шавовите на националните болници и на здравствениот систем, повторно се појавија по првиот бран кога бројот на хоспитализирани беше 60 000, наведува магазинот.

Болниците станаа пренатрупани, принудувајќи ги да бидат рестриктивни во тоа кого примаат и да доведе до тоа повеќе Американци да умрат непотребно.

Тековниот раст на хоспитализации почна кон крајот на септември и болниците со недели се борат со невидена побарувачка за медицински услуги.

Бројот на хоспитализирани пациенти се зголемува речиси секојдневно. Од 1 ноември, бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците е двојно зголемен, а од 1 октомври трипати.

За тоа време, здравствените работници се загрижени дека болниците наскоро ќе бидат преполни.

-Здравствениот систем на Ајова ќе се распадне, несомнено, изјави еден инфектолог за Атлантик на почетокот на ноември. Следната недела, лекар за интензивна нега во Небраска предупреди дека „претпоставката дека секогаш ќе имаме еден болнички кревет за вас не е точна“.

Оваа катастрофа се чини дека е на повидок не само во Ајова и Небраска, туку и низ цела Америка. Националното распаѓање на болничкиот систем сега може да се види и во податоците за коронавирусот. Со недели, бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 беше приближно 3,5 проценти од вкупниот број на случаи претходната недела. Меѓутоа, бројот на случаи во вкупниот број хоспитализации сега се намалува, наведува магазинот.

Просечниот Американец со Ковид-19 денеска е примен во болница веројатно поболен од некој со Ковид-19 кој бил примен на крајот на летото. Ова не е затоа што лекарите и медицинските сестри станале посурови, пишува Атлантик, туку едноставно затоа што им снемува болнички кревети и затоа треба да се заостри критериумот за прием во болницата.

Истовремено, се чини, дека вирусот уби малку повисок процент на луѓе со дијагностициран Ковид-19. Методот, кој го зема предвид доцнењето на податоците за бројот на заразени лица и смртни случаи, покажа дека околу 1,7 проценти од заразените починале во поголемиот дел од октомври и ноември. Но, во средината на ноември, тој број се зголеми на повеќе од 1,8 проценти. Иако оваа промена може да изгледа мала, таа претставува стотици смртни случаи затоа што многу повеќе луѓе се разболуваат секој ден.

Се чини, значи дека вирусот убива повеќе луѓе. И тоа има смисол. Многу медицински победи над вирусот се резултат на подобрата болничка нега за пациенти со Ковид-19. Меѓутоа, во моментов помал дел од луѓето ја добиваат оваа професионална и совесна нега.

Се предвидува дека првите дози на вакцината речиси сигурно ќе стигнат до Божиќ. Десетици милиони Американци би можеле да имаат имунитет во рок од осум недели, а до крајот на февруари околу 100 милиони Американци ќе бидат имуни.

Меѓутоа, квалитетот на здравствената заштита претходно ќе се влоши, а на пациентите на кои им требаат болнички кревети од која било друга причина – срцев удар или скршеница на ногата – тешко ќе стигнат до нив. Многу луѓе ќе страдаат и ќе умрат непотребно, предупредува магазинот Атлантик. (Атлантик)