Оскарите во живо, се уште нејасни протоколите за Ковид-19


САД– Нема да има „виртуелни“ Оскари.

„Телевизиското емитување на Оскарите ќе се случи“, изјави ексклузивно претставник од Академијата и АБЦ.

Оваа година, Академијата за филмски уметности и наука го помести својот годишен пренос два месеци наназад до 25 април 2021 година, како резултат на пандемијата Ковид-19. Извори од Оскарите велат дека со поттикнување на церемонијата на доделувањето на наградите, Академијата се надевала дека кината ќе бидат отворени напролет, со што ќе се овозможи повеќе филмови да се натпреваруваат на годишното одбележување на најдобрите филмови во годината.

Но, дури и ако киносалите останат затворени, со одржување на Оскарите подоцна во пролетта, организаторите сега се фокусираат да се осигурат дека настанот ќе продолжи како порано- во живо. Тоа сепак може да создаде неколку прашања за тоа колку точно луѓе се дозволени внатре во театарот Долби во Лос Анџелес, со 3400 места, каде традиционално се одржува церемонијата.

„Академијата неодамна направи прошетка низ Долби за да ги види сите повеќе опции“, вели публицист на наградите, запознат со ситуацијата.

Не е јасно кои протоколи за безбедност ќе бидат воведени за церемонијата. Претставник од Долби театарот одби да даде коментар.

Пандемијата ја осакати филмската индустрија, со затворање на киносалите и стопирање на производството. Како одговор, Академијата го продолжи временскиот рок за подобност од 31 декември до 28 февруари 2021 година, покрај тоа што филмовите што имаа премиера на платформите за стриминг се квалификувани за доставување.

Церемонијата на Еми во септември беше хибриден настан кој имаше неколку лични елементи со водителот Џими Кимел и повеќето номинирани кои ја гледаа емисијата од дома над Зум.

Не е јасно колку од номинираните ќе можат – или ќе се согласат за присуство на лице место. Повеќето актери во трка за оскарот се во ризичната група вклучувајќи го и Ентони Хопкинс, 82; Елен Бурстин, 88; Софија Лорен, 86; Мерил Стрип, 71; Дејвид Стратаирн, 72; и Јух-Јунг Јун, 73.

Четири телевизиски церемонии ќе се случат пред  Оскарите: Златен глобус (28 февруари), Избор на критичари (7 март), САГ (14 март) и БАФТА (11 април).

Глобусите, чиј домаќин е Холивудската асоцијација за странски медиуми, во соопштението за печатот на 27 јули рече дека нивното шоу ќе се емитува во живо од „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, а водители се Тина Феј и Ејми Полер. HFPA одби да ја коментира оваа приказна.

Наградите САГ, кои ги доделуваат 165.000+ членови на САГ-АФТРА, обично се одржуваат во Аудиториумот Шрин во Лос Анџелес, со капацитет за седење од 6.300. Клучниот претходник на Оскарите не ја исклучи можноста за виртуелно шоу.

Во САД има над 13 милиони потврдени случаи со коронавирус, со над 269 илјади смртни случаи. Според Центарот за ресурси на Џон Хопкинс, округот Л.А. е водечка област во САД на случаи на заразени (над 400.000) и смртни случаи (над 7.600).